НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британците тврдат: Имаме лек кој делува против Омикрон

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
Фото: beritasatu.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн“ (Glaxo Smith Kline) соопшти дека неговиот лек Сотровимаб, односно терапија против ковид-19 заснована на антитела, на која работат со американскиот партнер „Вир Биотехноџи“ (Vir Biotechnology), е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон, истакнувајќи дека станува збор за најнови податоци од студија во рана фаза.

Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации што досега се идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Глаксо Смит Клајн“.

Друг претклинички резултат од истражување спроведено во минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата Омикрон.

Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Коронавирусот предизвикува инфекција со помош на протеинот на неговата површина или шилестиот протеин со чија помош се врзува и влегува во клетките на телото и предизвикува болест. Затоа, повеќето вакцини се развиени на начин што го таргетира шилестиот протеин, па вакцината во телото предизвикува производство на антитела и Т-клетки кои се насочени против шилестиот протеин и го спречуваат навлегувањето на коронавирусот во клетките на домаќинот.

Овие претклинички резултати од истражувањето укажуваат на тоа дека нашето моноклонално антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта, Омикрон, но и против сите други варијанти кои досега ги дефинираше СЗО, изјави главниот научен директор на ГСК, Хал Барон.

„Глаксо Смит Клајн“ и „Вир Биотехнолоџи“ создадоа таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирус во сите сомнителни варијанти што се појавија досега и спроведоа лабораториски тестови за нивната реакција на лекување со Сотровимаб.

В. Британија Ковид-19 лек Омикрон Свет Сотровимаб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.