НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските партии потпишаа коалициски договор за новата влада на Шолц

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиите во новата германска коалициска влада денеска потпишаа договор за нивната, како што ја нарекуваат, прогресивна влада, еден ден пред Олаф Шолц да ја преземе функцијата канцелар од долгогодишната лидерка Ангела Меркел.

Договорот постигнат минатиот месец меѓу лево-центристичките социјалдемократи на Шолц, Зелените и пропазарната Слободна демократска партија доби силна поддршка во последните денови од членовите на трите партии. Ова го отвори патот за Шолц утре да биде избран во парламентот, каде коалицијата има солидно мнозинство.

Коалицискиот договор на 177 страници како главна тема го има забрзувањето на напредокот, што лидерите на новата влада го истакнаа на церемонијата на потпишувањето во берлинскиот музеј „Футуриум“.

Главниот приоритет на новата влада се напорите за борба против климатските промени, особено за Зелените. Други приоритети вклучуваат модернизација на најголемата европска економија и воведување полиберални социјални политики. Прва задача на владата, пред сè, е да ја намали, речиси, рекордната стапка на заразени со коронавирусот.

Рековме дека сакаме да постигнеме поголем напредок и од оваа недела сакаме да работиме на напредок. Немаме илузии, се соочуваме со големи предизвици, рече Кристијан Линднер, иден министер за финансии и лидер на Слободните демократи.

Договорот меѓу трите партии, кои немаа позначајни разлики пред септемвриските избори, беше постигнат релативно брзо, барем колку што гледа јавноста, во неочекувана хармонија, коментираат медиумите.

Доколку добрата соработка што функционираше додека ја формиравме владата продолжи да функционира, тоа ќе биде многу, многу добро време за задачите што ни претстојат, рече Шолц.

Тој призна дека соочувањето со пандемијата ќе ја бара сета нивна сила и енергија.

Меркел, која е канцеларка 16 години, не се кандидираше за петти мандат. Нејзиниот унионистички блок на десниот центар оди во опозиција по поразот на изборите.

Влада Германија Договор коалиција Олаф Шолц Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.