Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата

0
By Sashko on December 9, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 9, 2021 09:09

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата и да работат од 9 до 17 часот, а повеќе од пола велат дека се попродуктивни додека работат од дома, се наведува во анкетата што е објавена денеска.

Но, и „хибридната работа“, што е микс од работа од дома и од канцеларија, исто така, има свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта, според истражувањето нарачано од „Самсунг Електроникс“ и „Фјучр Лаборатори“.

Истражувањето опфатило 14.000 лица ширум Европа и покажа дека 83 отсто од вработените бараат поголема поддршка од работодавачот за постигнување рамнотежа меѓу работата и животот.

Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската Унија (ЕУ) работеле од дома, во споредба со пет отсто пред пандемијата.

Работодавачите сега мора внимателно да размислат како да одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот, изјави потпретседателот на „Самсунг Еелекторникс“, Бенџамин Браун.

Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат прилагодувања во домот за да го олеснат хибридниот живот, така што решиле да си направат домашни канцеларии, додека 41 процент од нив одлучиле да се преселат.

„Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти“, вели Меик Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата, што соработува со „Самсунг“ на полето на иднината на работата.

анкета Дома Европа канцеларија Пандемија работа работно време Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.