Парламентот на Ерменија денеска усвои закон кој им овозможува на работодавачите да отпуштаат работници кои одбиваат да дадат доказ за вакцинација против ковид-19 или негативен резултат од тест.
Новото правило следува по наредбата на Министерството за здравство од август со која од ерменските граѓани се бара да достават доказ за вакцинација или негативен ПЦР тест на секои две недели на своите работодавачи или ќе бидат казнети.
Доколку работникот не достави потврда за вакцинација или негативен тест за ковид-19, работодавачот има право да го отстрани од работа, да му ја суспендира платата и да го отпушти доколку отсуствува 10 работни дена од работа поради таа причина, рече заменик министерот за труд и социјални прашања Рубен Саргасјан.
Тој прецизира дека новиот услов за вакцинација нема да важи за претседателот на земјата, за премиерот, за замениците, за народните правобранители, за судиите на Уставниот суд и за другите функционери.
„Овој исклучок е воспоставен, затоа што овие функции се или (институционални), како што е случајот со замениците или нивните носители се именувани во согласност со Уставот“, рече Саргсјан.