Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски по средбата со Ахмети: Час поскоро да одиме на избори и да покажеме карактер во преговорите со Бугарија

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 19:36

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која, како што рече, разговарале за две теми – за спорот со Бугарија, но и за предвремените парламентарни избори.

На средбата со Али Ахмети, која траеше еден час, генерално разговаравме на две теми. Едната беше спорот со нашиот источен сосед каде ги повторив нашите тези, принципиелниот став да се почитува резолуцијата усвоена од парламентот. Изразив загриженост од фактот дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции, толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата, изјави Мицкоски по средбата.

Мицкоски посочи дека цени оти треба да се напушти принципот, како што рече, „на коленичење и сервилност“.

Треба да покажеме карактер и треба да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер. Тоа е мојата порака. Доста е веќе од понижување, доста е од срамови, народот е фрустриран. Многу отстапки направи оваа 30-годишна независност, а всушност уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече, другата тема на која разговарале се предвремените парламентарни избори.

Имајќи ја предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, предвремени парлaментарни избори се потребни час поскоро. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот е најголема пратеничка група со најголем број на грaдоначалници и советници, и како што рече, има политичко право и кредибилитет да бара предвремени парламентарни избори, бидејќи победи на два пати на локалните избори и во првиот и вториот круг убедливо.

Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ Македонија средба Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.