НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје не го коментира случајот со лицето со посебни потреби коешто не било примено во автобус на ЈСП Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on December 17, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Град Скопје и денеска нема да го коментираат настанот поврзан со  обвинувањата од Коалицијата „Менуваме“ за дискриминација во врска со лице со посебни потреби на кое му било забрането да влезе во автобус на ЈСП Скопје, бидејќи било придружувано од сервис куче.

За ова, како што појаснуваат од Град Скопје, реакција вчера имале од ЈСП Скопје, и упатуваат на нивното соопштение. Од СДСМ денеска соопштија дека „срамна и дискриминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче“. 

Од ЈСП Скопје вчера информираа дека градскиот превоз е за сите граѓани и нема одлука за некаква дискриминација.

– На ниту еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација. Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје како одговор на реакцијата од Коалицијата „Менуваме“ .

Оттаму додаваат:

– ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите, категоришни се од ЈСП Скопје од каде нагласија дека „како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост. ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани“.

СДСМ: Срамна и дискириминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче

Од СДСМ денеска соопштија дека „срамна и дискириминирачка е постапката на Град Скопје и Арсовска да им се забрани влез на лица со попреченост кои се со придружба на куче“,

– Скандалозен и дискриминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче.

Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува – додаваат од СДСМ од каде очекуваат одговорност за оваа срамна и дискриминирачка постапка.

Град Скопје ЈСП Скопје посебни потреби СДСМ случајот со лицето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.