Група „Јавна соба“ е присутна на социјалната мрежа „Телеграм“ и истата е регистрирана од полицијата која сите докази ги проследила со Обвинителството.
Како и со претходните случаи, и овој пат се споделуваат телефонски броеви, лични податоци и адреси, како и фотографии и профили на социјалните мрежи. Информациите говорат дека групата за само еден има 219 нови членови и споделени се 14 видео снимки и 61 фотографија.
„Јавна соба“ на „Телеграм“ доаѓа по речиси две години од првата група со идентично име што беше откриена дека е регистрирана на социјалните мрежи, случај каков што излезе во јавност и во јануари оваа година.
Основното јавно Обвинителство во април поднесе обвинение против две лица на возраст од 32, односно, 21 година кои се соочија со кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.