Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Даниловски за НОВА ТВ: Експлозивно ќе расте бројот на заразени, но исходот ќе биде збогување со пандемијата напролет!

0
By НОВА ТВ Balaban on January 4, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 4, 2022 16:57
И сега имаме ситуација: „си го баравте- гледајте“! Од една страна, омикрон со крупни чекори ја освојува планетава! Од друга страна, вирусот на инфлуенцата (грипот) се бори за место под сонцето! И сега имаме ситуација кога сѐ почесто ќе се јавуваат комбинирани инфекции. Ништо спектакуларно! Сосема нормален развој на настаните!, вели проф д-р Даниловски за НОВА ТВ
Бројот на заразени експлозивно ќе расте! Но, бројот на хоспитализирани нема да ја следи таа динамика – ниту на умрени…, изјави денеска за НОВА ТВ проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог, по големиот број на новозаразени со ковид-19.
Институтот за јавно здравје денеска објави дека се регистрирани 1.197 нови  позитивни случаи на ковид-19, што е значително повеќе во однос на изминатите денови, а потврди и деветмина инфицирани со омикрон сојот во земјата. Вкупно 15 лица ја изгубиле битката со вирусот.  
– Останувам на својот став искажан прв пат уште на 28 ноември, кога омикрон се ширеше само во Јужна Африка: Бројот на заразени експлозивно ќе расте! Но, бројот на хоспитализирани нема да ја следи таа динамика – ниту на умрени… Ова ќе биде масовно здобивање со природен имунитет – природна „трета“ (или „четврта“) доза на имунитет против короната. Исходот ќе биде – збогување со пандемијата на ковид во Македонија напролет!, нагласува проф. д-р  Даниловски.  

А во врска со новиот сој, флурон, кој, по Израел, се појави и во Хрватска, и имаме ли дополнителна причина да бидеме загрижени од инфекција со истиот, во кој е истовремено присуството на ковид-19 и вирусот на грип тип А, односно сој на свински грип Х3Н2, тој објаснува:

– Воопшто не е за изненадување што се регистрираа и комбинирани инфекции на ковид и грип! Со рестриктивните мерки против ковид, минатата година, грипот како да беше потиснат. Но, годинава, откако се релаксираа мерките… и вирусот на грипот – секогаш притаено присутен – ја виде својата шанса! Му помогна, во голема мера, драстичниот пад на вакцинацијата против грип! И сега имаме ситуација: „си го баравте- гледајте“! – вели д-р Даниловски.
Тој додава:
– Од една страна, омикрон со крупни чекори ја освојува планетава! Од друга страна, вирусот на инфлуенцата (грипот) се бори за место под сонцето! И сега имаме ситуација кога сѐ почесто ќе се јавуваат комбинирани инфекции. Ништо спектакуларно! Сосема нормален развој на настаните! – категоричен е д-р Даниловски.
Љубица Балабан 

 

драган даниловски експлозивно епидемиолог ќе расте флурон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.