Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн околу 14 часот по средноевропско време, но странските медиуми јавуваат дека не му е одобрена виза за влез во Австралија.
Наводно било заклучено дека Ѓоковиќ се обратил за „погрешна виза“. Граничната полиција веднаш ја контактирала Владата, а федералните власти побарале од сојузната држава Викторија да му одобри виза, но барањето било одбиено.
Моментно се чека Ѓоковиќ да поднесе ново барање и проблемот формално да биде решен за да влезе во земјата. Српскиот тенисер вчера се упати кон Мелбурн, откако обезбеди статус на „медицински исклучок“ за задолжителната вакцината против ковид-19.
Таквата информација предизвика бурни реакции кај официјални политички претставници на Австралија, но не беше одушевено ниту локалното население.
„Го чекаме да се појави и да видиме какви докази ќе приложи. Ако не бидат доволни, нема да биде третиран поинаку и ќе биде испратен дома со првиот нареден авион. Не би требало да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ. Ниту за кој било друг“, порача премиерот на Викторија, Карен Ендрјуз.