Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден со обвинување за Трамп: Ти си закана за американската демократија

0
By Sashko on January 6, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 6, 2022 16:11

Претседателот на САД, Џо Бајден го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека претставува континуирана закана за американската демократија во говор на годишнината од смртоносниот напад врз американскиот Капитол од поддржувачите на Трамп кои се обидоа да го поништат неговиот изборен пораз во 2020 година.

Зборувајќи во зградата во која се случија немирите на 6 јануари 2021 година, Бајден предупреди дека лажните тврдења на Трамп дека изборите му биле украдени преку широко распространета гласачка измама може да го разоткрие владеењето на правото и да ги поткопа идните избори.

Мора да бидеме апсолутно јасни за тоа што е вистина, а што лага. Еве ја вистината: Поранешен претседател на САД создаде и шири мрежа од лаги за изборите во 2020 година. Тој го направи тоа затоа што ја цени повеќе моќта отколку принципите. Пред една година на денешен ден на ова свето место беше нападната демократијата. Едноставно нападната. Волјата на народот беше нападната. Уставот, нашиот Устав, се соочи со најголеми закани, нагласи Бајден.

Бајден додаде дека „за првпат во нашата историја еден претседател не само што ги загубил изборите, туку се обидел да спречи мирен трансфер на власта“. Бајден го осуди Трамп затоа што ги гледал немирите на телевизија „и не правел ништо со часови“.

Според анкетата на „Ројтерс“/ИПСОС, околу 55 отсто од републиканските гласачи веруваат во лажното тврдење на Трамп, кое беше отфрлено од десетици судови, државни изборни оддели и членови на администрацијата на Трамп.

Четири лица загинаа во повеќечасовниот хаос, додека еден полицаец почина еден ден подоцна, а четворица подоцна се самоубија. Повредени беа околу 140 полицајци.

годишнина Доналд Трамп Капитол САД Свет упад Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.