Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ утре ги презема БЕГ и Скопје Север, најава за три часа повеќе парно за скопјани

0
By Sashko on January 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 09:16

ЕСМ од утре (21 јануари), согласно владината одлука, ќе го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје, а за скопјани е најавено дека ќе добијат три дополнителни часа греење, односно до 1 часот по полноќ.

Владата, истакнуваат од СДСМ, „преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините“.
Владеачката партија уште еднаш ја обвини градоначалничката, Данела Арсовска дека „ги игнорирала барањата на скопјани за решавање на проблемот со парното.
Додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани да се реши проблемот со парното, Владата предводена од СДСМ презеде низа одговорни чекори за надминување на кризата со топлинската енергија. Согласно владината одлука, АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје,а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до 1:00 часот по полноќ, истакнуваат од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска повторно го обвинија новиот премиер Димитар Ковачевски, кој беше заменик-министер за финансии во претходната влада на Зоран Заев, дека бил меѓу оние кои предизвикале да порасне цената на парното.
„Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното. Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60 отсто од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација. Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15 отсто. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1 500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
"Партизански одреди" БЕГ Влада ЕСМ Македонија преземање СДСМ Скопје Север
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 21, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

ВЕСТИ June 21, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да го „преземат“ Ормускиот теснец доколку…

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.