НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Интересот на Франција е зголемен, но да не очекуваме друг да ни ги реши проблемите

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 20, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Франција е многу важна држава членка на ЕУ без која не може да се утврди крупна политика во проширувањето, тоа го видовме и осетивме на своја кожа во 2019 година. Сметам дека напорите на претседателот Емануел Макрон се искрени. Тие помагаа и досега, заедно со Германија и други фактори, но тоа не значи дека проблемите ќе ни ги реши некој друг, туку дека треба да имаме амбиент во кој ќе имаме европско решение базирано на европски вредности, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Според Маричиќ, тоа што е важно и добро, е што Франција, која во минатото често ја избегнуваше темата за проширувањето, денес има појасна, поотворена и поамбициозна политика кон Балканот.

– Тоа сметам дека е важно и добро. Позитивно. Затоа и треба да работиме со Франција на овие прашања, бидејќи интересот на Франција за Балкaнот е зголемен во последните две-три години, потенцираше Маричиќ.

Маричиќ, исто така, најави дека во текот на денот ќе има средба заедно со премиерот Ковачевски со францускиот амбасадор, а наскоро ќе замине и во посета на Париз со министерот Османи, за дискутирање на нивните приоритети и како Франција може да помогне во овој процес.

Во однос на посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје, Маричиќ вели дека дава нов импулс и енергија на односите, и оттука може само да одиме во нагорна линија.

За тоа кога очекува одблокирање на процесот, Маричиќ, посочи дека целосно се ослободени од лицитација со датуми или месеци и оти е важно структурата да профункционира и даде резултати кои ќе бидат видливи за граѓаните.

Маричиќ истакна државен интерес е час поскоро да се тргне ветото од страна на Бугарија, но тоа не треба да се прави по секоја цена, исто така, додавајќи дека решението мора да биде такво во кое Северна Македонија ќе биде уважена и ќе имаме исход кој ни одговара нам и ќе биде поддржан од нашиот Устав.

Бојан Маричиќ ЕУ Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.