НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССМ бара итно утврдување на минимална плата од 18.000 денари, во спротивно најавуваат сеработнички штрајк

0
By Biljana on January 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Покачување на минималната плата на 18.000 денари, како и скалесто покачување нс сите останати плати согласно Колективните договори за работа, побараа од Сојузот на синдикати на Македонија на денешната презентација на студија: „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски рече дека во декември било испратено барање до Владата минималната плата да се зголеми најдоцна до крајот на месецов и ги повика пратениците уште утре да ја поддржат иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, а потоа да се фокусираат на други теми, како Изборен законик или апанажа.

„Утре ќе имаме средба со преставници на највисоките одбори на Синдикатите и уште еднаш ќе ги дефинираме следните чекори. Ние немаме време за чекање до март, април или јуни. Покачените сметки за струја и парно ќе стигнат на 1 февруари, а ние немаме пари да ги платиме. Затоа најитно бараме да се утврди  минимална плата од 18.000 денари, скалесто зголемување на платите за сите работници согласно колективните договори, како и регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор“, вели Димовски и најавува масовен сеработнички штрајк на кој ќе се изрази незадоволството на работниците и на Синдикатите.

За министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, зголемувањето на минималната плата е една од програмските активности на Владата. Очекува препораките и мислењата на експертите, да помогнат во изнаоѓањето на усогласени ставови, кои ќе придонесат за носењето на побрза и полесна одлука согласно меѓународните искуства.

„Mинималната плата е комплексно прашање и треба да се разгледува од повеќе аспекти и тоа какo истата влијае на задоволството на вработените, на нивниот животен стандард, нејзините ефекти врз вработувањето а при тоа треба да се имаат во предвид и меѓународните искуства. Со соодветно ниво на минималната плата ќе ги мотивираме вработените да имаат поголема продуктивност при работењето. Оправданоста за утврдување на оптимално и прифатливо ниво на минимална плата е поради тоа што секој работник покрај тоа што бара работа сака да биде среќен и задоволен со исплата на плата која ги задоволува неговите животни потреби. Ние како држава, заедно со социјалните партнери работиме на создавање на услови за достоинствена работа за да ги мотивираме нашите вработените да придонесат до поголема продуктивност при своето работење“, рече министерката Тренчевска.

Во рамки на настанот, беше презентирано истражувањето „ Минималната плата во Република Северна  Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ изработено од универтитетските професори Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски.

Како што посочи Јовановиќ, со истражувањето се утврдило дека покачувањето на минималната плата нема да го намали бројот на вработени, како што стравува бизнис заедницата, туку напротив ќе ги мотивира работниците да бидат повеќе продуктивни, а со тоа ќе се зголемат профитите на фирмите и БДП.

„Слично е и со тврдењето дека покачувањето на минималната плата ќе ја намали платата на работниците кои земаат поголема плата од минималецот. Истражувањето покажа дека ниту платите на другите работници не се намалиле со цел да се задржи профитот на стопанствениците. Покачувањето на минималната плата не ги намалува профитите на фирмите. Повисока минимална плата прави да се зголеми продуктивноста на фирмите и до пораст на додадената вредност на фирмите“, рече Јовановиќ додавајќи дека ако работникот е подобро платен, ќе биде и позадоволен и помотивиран, ќе работи повеќе, ќе придонесува повеќе, а на тој начин ќе има и повисок раст на БДП, што е особено важно во време на економска криза.

Студијата покажала дека минималната плата во Северна Македонија е меѓу најниските во Европа. Во земјава, 22 проценти од граѓаните или близу половина милион живеат во сиромаштија, а дури 100.000 граѓани се екстремно сиромашни и живеат со помалку од 40 денари на ден. Исто така, статистиките укажуваат дека дури 9 проценти од вработените или околу 50.000 вработени исто така живеат во сиромаштија.

Минималната плата во Република Северна Македонија изнесува 15.194 во нето износ или 22.146 во бруто. Според статистиките на ССМ дури 110.000 работници земаат минимална плата.

Од 2017 година до денес минималната плата била покачена за 50,7 проценти, што преставува најголемо покачување на минималната плата во историјата на Република Северна Македонија.

Синдикатите минатиот месец организираа предупредувачки штрајк со истите барања, најниска плата од 18.000 денари, к-15 за вработените во јавниот сектор и недела неработен ден да биде утврен со Закон.

Инаку, концептот за минимална плата за прв пат била воведен во 1894 година во Нов Зеланд.

(Б.Б.)

 

закон за минимална плата минимална плата ССМ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.