НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција ги олеснува мерките против Ковид-19

0
By Biljana on January 31, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење.

Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“, јави дописничката на МИА од Атина.

На 30 декември 2021 година беше воведено ограничено работно време до полноќ за угостителските објекти, забрана за музика, забрана за стоење и најмногу шест гости на маса, спортски натпревари се со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица.

За спортските натпревари, засега, нема промени и останува ограничениот број гледачи, а Плеврис рече дека оваа седмица, надлежната комисија ќе ја разгледа можноста за зголемувањето на исполнетоста на стадионите и во спортските сали.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник, нема промени во однос на употребата на маска, и понатаму е задолжителна и за затворените простори и на отворено, додека пак за јавниот превоз, супермаркетите како и за вработените во угостителските објекти задолжителна е двојна маска или маска со висока заштита КН95.

За влез во внатрешните делови на угостителските објекти потребен е валиден сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест во траење од три месеци, а документ за Ковид-19 (сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид или негативен тест) е неопходен и за влез во продавниците, банките, јавните служби, со исклучок на супермаркетите, аптеките, фурните и продавниците за храна.

Иако беше најавено дека од 1 февруари, вакцинираните кои не примиле бустер доза, а поминале седум месеци, ќе се сметаат за невакцинирани, сепак оваа одлука ќе стапи во сила следната седмица, на 7 февруари.

Пролонгирањето го соопшти министерот за здравство на Грција кој рече поради проблемите што минатата седмица ги предизвика снегот и беше во прекин процесот на имунизација, се продолжува за една седмица рокот за вакцинирање со бустер доза за оние кои се вакцинирале пред седум месеци, за да продолжи да им важи сертификатот за вакцинација.

-Ова значи дека оние наши сограѓани кои ја завршиле вакцинацијата и поминале седум месеци до 7 февруари, ќе треба да ја имаат примено бустер дозата,бидејќи во спротивно ќе се сметаат за невакцинирани, рече Плеврис во четвртокот.

Правилата и мерките во Грција, како што е веќе пракса, освен за Грците, важат и за туристите.

антиковид мерки Грција Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.