Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ване Цветанов ѝ честита на Владата на Ковачевски за битката против перењето пари – на ред е Законот за ревизија

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 3, 2022 14:48

Носењето на ваквиот пакет ЕУ закони е доказ дека нашата Влада веќе реагира на заклучоците од комисиите со Република Бугарија, каде што еден од заклучоците беше да се зајакнат капацитетите на институциите во Република Северна Македонија со цел обезбедување сигурност и заштита на странските инвестиции, смета Цветанов.

Превенцијата од перење пари и финансирање тероризам во Македонија е регулирана со Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам кој од 2014 година има претрпено неколку измени и дополнувања, поттикнати пред се поради  усогласување со одредбите на европските директиви.

Владата пред два дена усвои нови измени во оваа регулатива кои се очекува деновиве да бидат испратени во Собранието на усвојување. Според образложението на Министерството за финансии станува збор за усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно со одредбите од Директивата 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година.

Во новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година, што како што објаснува Министерството за финасии, е во согласност со  ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF).

Ване Цветанов, претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, самостојно и независно регулаторно тело во земјава и поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари, ги поздравува чекорите на Владата на Ковачевски во битката против криминалот, перењето пари и финасирањето на тероризмот, кои ќе придонесат за поголема сигурност и на странските инвеститори.

– Управата за финансиско разузнавање (УФР) во континуитет ги следи меѓународните стандарди за спречување перење пари пропишани од светската организација FATF. Исто така УФР редовно го следи и европското законодавство, како и промените во таа област, но исто така стриктно постапува по препораките од Манивал комитетот при Совет на Европа. Природно и нормални се измени и дополнувања на легислативата од оваа област, тоа е доказ дека држиме чекор во оваа област, вели Цветанов. 

Тој во разговор за Нова ТВ  упати честитки до новата Влада за брзата реакција во однос на предложените законски интервенции, но испрати порака дека треба да `и се даде предност и на регулативата за ревизија.   

– Честитки за ажурноста на новата Влада, со очекување во најбрз можен рок да даде приоритет на новиот Закон за ревизија кој што исто така е целосно усогласен со меѓународните стандарди за ревизија пропишани од светската организација IFIAR, а истиот е усогласен целосно со директивата 2014/56/EU. Носењето на ваквиот пакет ЕУ закони е доказ дека нашата Влада веќе реагира на заклучоците од комисиите со Република Бугарија, каде што еден од заклучоците беше да се зајакнат капацитетите на институциите во Република Северна Македонија со цел обезбедување сигурност и заштита на странските инвестиции, смета Цветанов.

Во македонскиот правен систем се воспоставени механизми за спречување на перење пари и низа институции го следат секое движење на парите и имотот остварен од физичко или правно лице и ги известуваат органите надлежни за прогон за сомнителни трансакции или можни неосновани стекнувања на имот.

Надзорот над примената на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање тероризам освен Управата за финансиско разузнавање го вршат и Народна банка, Управата за јавни приходи, Комисија за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за пошти, Агенцијата за супервизија на осигурување, Институтот на овластени ревизори, Институтот на сметководители и овластени сметководители и комисиите на адвокатите и нотарите.

Но, и покрај бројните органи кои имаат законски утврдена должност да вршат контрола, да следат сомнителни трансакции и редовно да ги известуваат органите на прогон за потенцијалните криминални активности поврзани со перење пари, мал е бројот на судски пресуди за кривичното дело перење пари. Лидија Давкова, истражител во истражниот центар на ОЈО во Скопје, инспектор за перење пари и други приноси од казниво дело во една своја публикација предупредува дека перењето пари како феномен од глобални размери, претставува сериозна закана за секоја национална економија која го разорува не само системот, туку и влијае врз квалитетот на животот на секој граѓанин.

Преку
перењето на валканите парични средства и другите
криминални приноси, наведува Давкова, се овозможува креирање на уште еден паралелен систем на сива економија кој делува паралелно со националниот.
Сето ова
може да доведе до парализа на институциите на системот и инфилтрирање на криминалните организации во него, со цел преточување на нивната финансиска моќ во политичка.

Стојанка Митреска

Ване Цветанов закон перење пари Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.