Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милевски со Караџов во Софија: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји

0
By НОВА ТВ Balaban on February 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 10, 2022 13:55

Граничниот премин Клепало е многу важен, така што од бугарска страна ветија дека ќе се интензивираат активностите за почеток на изработка на проектите и на реализацијата на градежните активности за отворање на овој граничен премин кој е важен за цела Источна Македонија, истакна Милевски.

Деловник за работа на заедничката работна група за имплементација на меморандумот за соработка помеѓу министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија беше темата на средбата во Софија на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, со Гроздан Караџов, заменик министер-претседател на Република Бугарија и министер на регионален развој и јавни работи.

– Денеска го направивме иницијалниот состанок во пријателска атмосфера на кој го договоривме тимот за меѓусебна соработка, како и деловникот за работа по кој што ќе работи оваа заедничка комисија. Ние утврдивме дека минимум два пати годишно од двете страни на границата да имаме средби, преку тоа ќе ја интензивираме соработката помеѓу здруженијата на двете страни во Општините, рече Милевски.

Тој додаде дека според планот ќе се интензивираат соработките помеѓу двете земји, особено сите оние Општини кои што припаѓаат на регионот за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија финансирана од ЕУ се со цел навремено да ги подготват нивните проекти за идниот период поточно за 2021-2027 година за претстојната ИПА 3 програма преку која максимално треба да се искористат проектите за развој на општините, а се во интерес на граѓаните од двете страни на границата.

– Граничниот премин Клепало е многу важен, така што од бугарска страна ветија дека ќе се интензивираат активностите за почеток на изработка на проектите и на реализацијата на градежните активности за отворање на овој граничен премин кој е важен за цела Источна Македонија, истакна Милевски.

Заедничката работна група (ЗРГ) ќе спроведува активности поврзани со спроведувањето на приоритетите од Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

– Важно е дека, во блиска иднина, ќе остваруваме средба на градоначалниците на Општините од двете страни на границите меѓу Бугарија така што тие ќе се запознаат подобро и со тоа да разменуваат искуства како подобро да ги менаџираат Општините. За тоа се надевам сите овие средби ќе придонесат за развој на проектот за граничниот премин Клепало каде што ние се активираме и со тоа ќе се оствари поголема соработка помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот, појасни Караџов.

Горан Милевски Гроздан Караџов Софија средбата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.