НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими на средба со Џентилони: Владата проактивно одговора на енергетската криза

0
By Biljana on February 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка од власта за да се обезбеди ликвидноста на енергетските компании. 

Енергетската криза и инфлацијата, мерките што се преземаат од страна на Владата и постоењето можности за поддршка во реализација на овие мерки од страна на ЕК биле теми на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за економија Паоло Џентилони, која се реализираше во рамки на работната посета на министерот Бесими на Брисел.

„Како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка на здравството, економијата и ранливите категории, а кои овозможија падот на БДП да биде помал за 4,2 отсто во 2020 година, проактивни сме и во однос на енергетската криза“, рече министерот за финансии на средбата.

Тој ги напомена мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и средствата што се обезбедени како поддршка од буџетот за енергетските компании за да се обезбеди ликвидносна поддршка на компаниите, а со тоа индиректно да се влијае да нема голем раст на цената на електричната енергија за регулираниот пазар. Во овој контекст беше напомената и мерката за намалување на ДДВ за електричната енергија на пет проценти.

„Нашите среднорочни приоритети ќе бидат насочени кон справување со последиците од здравствената и енергетската криза, преку зголемување на инвестициите преку директна поддршка на инвестициските активности на компаниите, промоција и олеснување на инвестициската клима, отворање нови работни места преку активни мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Тоа значи дека ваквата поддршка ќе се реализира со формирање фондови за развој, фондови за поддршка на иновациите, гарантни фондови, фондови за ризичен капитал и слични инструменти за поддршка на извозно ориентирани компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија“, посочи министерот.

Како што наведува Министерството за финансии, фискалната политика 2022-2026 година е посветена на понатамошно зајакнување на управувањето со јавните финансии и фискалната одржливост, што треба да придонесе за одржување на макроекономската стабилност, постепена фискална консолидација, забрзување на економскиот раст, како и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Според Министерството, со економското закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години со просечни годишни стапки од пет отсто.

Министерот Бесими во рамки на работната посета ќе оствари средба со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски и комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Извор: МИА

енергетска криза Министерство за економија Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.