НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницирана во 2007, студија за финансирање и градење во 2017- станицата за отпадни води вредна 136 милиони евра во фаза пред изградба

0
By Mirjana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Започнува спроведувањето на најголемиот еколошки проект во Скопје вреден 136 милиони евра. Активностите за пречистителната станица за отпадните води во Скопје, доведени во фаза на предизградба. 

Град Скопје и ЈП Водовод и канализација годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води – Скопје, како најголем еколошки проект за Скопје и скопјани, проект во вредност од 136 милиони евра. Со проектот ќе се прочистат 90% од водите во градот.

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, се отворија тендерските понуди за дизајн и изградба на оваа пречистителна станица на која присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински и претставници на Европската Делегација, Европската Банка за Обнова и Развој, Европската Инвестициона Банка и Инвестиционата рамка за Западен Балкан (WBIF) – ИФИ Канцеларијата за координација (IFICO).

Градоначалничката Арсовска истакна дека изградбата на оваа пречистителна станица е најголем еколошко-капитален проект за Скопје и скопјани, додавајќи дека на овој начин конечно ќе се овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите.

„Со изградба на оваа пречистителната станица за третман на отпадни води, Скопје конечно има можност да се развива во еколошка метропола која се грижи за животната средина и се грижи за скопјани. Ако до сега отпадните води одеа директно во Вардар, притоа свесно загадувајќи ја животната средина и јавното здравје, сега конечно ќе имаме можност активно да делуваме, да ги менуваме работите и да ставиме крај на загадувањето на реката Вардар, на градот, но пред се, дa обезбедиме подобра вода за пиење на населението и да го подобриме квалитетот на живот на скопјани“, рече Арсовска.

На настанот се обрати и претставникот на Европската Инвестициона Банка (ЕИБ), г. Алесандро Брагонзи кој истакна дека овој проект е од огромно значење за жителите и за градот Скопје. Брагонзи посочи дека од голема важност е што проектот се одвива непречено и со одлично темпо и додаде дека со финализација на овој проект ќе се реши проблемот со отпадните води, ќе се зачува животната средина и граѓаните на Скопје ќе имаат почиста вода.

Директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински во своето обраќање ги презентираше постапките на реализација на овој значаен еколошко-капитален проект, осврнувајќи се на важноста на изградбата на пречистителната станица, за која вели дека не само Скопје, туку и градот ќе има над 90% прочистени води.

„Иницијативата за ваков тип на проект со кој што конечно ќе се воведе еколошки систем за прочистување на водите во Скопје е уште од 2007 година, повторно актуелизирајќи го ова прашање во април 2017 година, со изработка на Студија за финансирање, градење и работење постројка за третман на отпадни води за главниот град Скопје – Уникатен документ Студија за изводливост, како надградба на претходната Физибилити студија. По долг процес на консултации, изработка на техничка документација и активен ангажман на цел тим професионални во оваа област, денеска можеме конечно да најавиме дека сме во фаза пред отпочнување на изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Со овој проект инвестираме во Скопје, за нашите сограѓани, но креираме и подобра иднина за идните генерации“, истакна Перински.

Пречистителната станица за отпадни води – Скопје ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево и ќе биде со капацитет од еквивалент 500.000 жители.

 

 

 

ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ФАЗА ПРЕД ПОЧЕТОК НА ГРАДЕЊЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.