Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопственикот на „Дака лифт“ поднел кривична пријава поради лажните сертификати, Обвинителството отвори истрага

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ОЈО
ОЈО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 15:43
Скопското јавно обвинителство отвори предмет во врска со наводите на Антикорупциската комисија според кои фантомска фирма со лажни сертификати добивала тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од државни институции, а дознаваме дека и сопственикот на битолската компанија „Дака лифт“ поднел кривична пријава.
– До Основното јавно обвинителство Скопје пристигна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со предметот за кој покажувате интерес. Предмет​от ќе биде распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе ги разгледа прибраните докази и доколку е потребно ќе преземе дополнителни истражни дејствија во насока на утврдување на целокупната фактичка состојба, велат од Основното јавно обвинителство за Нова ТВ.

Дополнително, велат надлежните, до Основното јавно обвинителство Скопје вчера беше поднесена кривична пријава и од сопственикот на наведената фирма против едно физичко и едно правно лице во врска со издавањето лажни сертификати.

– И овие наводи во целост ќе бидат испитани, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, велат од ОЈО.

Сопственикот на битолската компанија „Дака лифт“  Димче Поповски во изјава за Нова вели дека во наредните денови откако истрагата ќе утврди како се направени злоупотребите со лажните сертификати од страна на фирмата од Скопје во консултација со правните застапници ќе ги одреди и натамошните чекори затоа што и неговата компанија е оштетена. Тој вели дека станува збор за добиени 14 тендери, а не како што објави Антикорупциска 90 јавни набавки.

– „Дака лифт“ на 6 февруари прослави 30 години од своето постоење, тоа се 30 години мака, пот, успешно работење – вели Поповски кој очекува истражните органи докрај да го расветлат случајот.

Според Државната комисија за спречување на корупцијата непостоечка фирма со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, во периодот од 2018 до 2022 година добила тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции.

Според Антикорупциската комисија случајот бил откриен кога Градската општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а таа вложила жалба до државната комисија од каде била одбиена како неоснована.

С.М.

 

истрага лифтови обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.