Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Природен гас има само до крајот на месецов, на маса повеќе опции за понатаму

0
By Соња Крамарска on April 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 5, 2022 13:36

Обезбеден е природен гас до 15 април, кога завршува грејната сезона во Скопје, а од страна на Макпетрол сме известени дека има договорени и веќе платени количини на природен гас до крајот на април, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со евентуалното барање на Русија земјава природниот гас да го плаќа во рубљи, Бектеши рече дека се во постојан контакт со Народната банка и со Европската централна банка, бидејќи од почетокот на март рубљата повеќе не е застапена на курсните листи во земјава.

-За тоа како ќе се одвива ситуацијата од мај па натаму редовно правиме консултации со Народната банка и со Европската централна банка. Ги преземаме сите мерки и граѓаните нема да имаат никаков проблем во случај од мај натаму да немаме снабдување со природен гас, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Прецизира дека над 80 отсто од годишните потреби на природен гас во државава се користат за работењето на ТЕ-ТО и на топланите на БЕГ во Скопје.

-Дури 74,8 отсто од вкупната потрошувачка во претходната година на природен гас во државата беа потрошени од ТЕ-ТО, кое до 15 април работи за потребите на ЕСМ за снабдување на градот Скопје со топлинска енергија и за производство на електрична енергија. Околу 7 отсто од вкупната потрошувачка беа искористени од топланите на БЕГ во Скопје. Сите мерки се преземени и граѓаните ќе имаат парно до крајот на грејната сезона, а за потребите на индустријата од 1 мај па натаму дополнително ќе разговараме со нив. Секако дека ќе најдеме решение заради тоа што на маса имаме многу опции, потенцира Бектеши.

Појасни дека државата има интерконектор со Бугарија кој го користи за снабдување на домашниот пазар со природен гас, а Макпетрол и другите трговци имаат директен договор со Гаспром.

-Количините на интерконекторот се букирани од страна на Гаспром до 2030 година. Ние и во минатото и сега предвидовме се што може да се случи. Во однос на снабдувањето со природен гас не беа лесни ни преговорите со ТЕ-ТО во јануари кога ги донесовме одлуките за да произведува електрична енергија 24 часа во текот на грејната сезона и да го снабдува целиот град Скопје со топлинска енергија. Ако работеше само во пикови ќе беше проблем, бидејќи ќе требаше дополнително да се снабдуваме со природен гас за потребите на топланите Исток, Запад и Север, посочи Бектеши и додаде дека во случај преку ТЕ-ТО да не се обезбедеше топлинска енергија за потребите на Скопје ќе имаше проблеми во електроенергетскиот систем во државата.

 

„Гаспром“ Крешник Бектеши природен гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.