НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Одредени општини ја злоупотребуваат електричната енергија на товар на домаќинствата

0
By НОВА ТВ Terziova on April 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само во последните 24 дена имаме 1400 тони увезено масло за јадење, има доволни количини на основни прехранбени производи. Ние како Влада ќе дозволиме извоз, цената на извозот влијае на намалувањето на цените на домашниот пазар„ ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на форумот организирана за „100-те дена“ на Владата.

Toj истакна дека кризата кај нас е увезена од странство, но сепак се преземени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и сите овие мерки ги дадоа вистинските резултати.

Министерот Бектеши нагласи и дека секогаш има деструктивни страни кои сакаат вештачки да ја продлабочат кризата. Министерот додаде дека некои општини, кршејќи го законот за енергетика и други закони, основаат јавни претпријатија каде јавното осветлување и другите објекти кои се на слободниот пазар го пренасочуваат кон регулиран пазар.

-Сакам да истакнам едно многу важно прашање, имајќи предвид дека справувањето со енергетската криза иако е увезена во Северна Македонија секогаш има деструктивни страни кои сакаат вештачки да ја продлабочат оваа криза. Имаме случаи изминативе денови некои општини го прекршуваат Законот за енергетика и други закони, како неможност да управуваат со општините, создаваат јавни претпријатија, каде јавното осветлување и другите објекти кои се на слободниот пазар се прераспределуваат на регулираниот пазар. Тоа значи дека од јануари до крајот на јуни општините сакаат да направат вештачки проблем во регулирањето на цената што ќе биде на грбот на граѓаните, конкретно на домаќинствата кои се на регулираниот пазар. Зборуваме за трошење над 50 милиони евра што ги создаваат на овој начин за да се создаде ваква криза. Тоа значи огромни трошоци за нашите семејства, за семејствата, за нашите граѓани. Но, ние сепак сме подготвени и нема да го дозволиме ова, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на трибината организирана за 100-тиот ден од Владата.

Министерот Бектеши, меѓу другото, истакна дека со новиот модел на тарифи за утврдување на цените ќе се дефинира нов блок каде што ќе штитиме, а категориите со социјален ризик ќе плаќаат пониска цена, додека оние кои се обидуваат да го злоупотребат системот и со тоа да профитираат и сето тоа оди на сметка на граѓаните и над нивниот стандард нема да дозволиме. Дополнително, на заинтересираните ќе им дозволиме да произведуваат енергија.

-Континуирано ја следиме состојбата и ги поканувам особено оние кои раководат со одредени општини и одредени бизниси кои сакаат да го направат тоа со институциите, да не го направи тоа, затоа што во еден момент јавно ќе покажеме кои општини сакаат да го злоупотребуваат системот на сметка на граѓаните за да не сносат никаква одговорност во справувањето со најголемата криза по Втората светска војна, рече Бектеши.

Бектеши економија електрична енергија јавни претпријатија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.