„Оваа година, светскиот ден на слободата на медиумите, го одбележуваме како земја која постигнала исклучителен напредок на листата на „Репортери без граници“, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Македонија Димитиар Ковачевски.
Според индексот за слобода на печатот кој е објавен во извештајот за 2022 година, Северна Македонија бележи скок од 33 места, односно од 90 на 57 место. Ова ново рангирање ја позиционира нашата држава меѓу најдобро оценетите во регионот, пишува тој.
Ковачевски се заблагодарува на новинарите и медиумските работници за нивната посветена работа.
„Не така одамна бевме сведоци дека загрозената слобода на медиумите е прв чекор кон автократско владеење и сите негативни последици на ваквото управување. Владата на СДСМ во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници, негувајќи ја слободата на изразување како клучно право и вредност во општеството“, завршува премиерот во својата објава.
Скок за 33 места на Македонија во Светскиот индекс на слободата на печатот