НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција тврди дека резервите на гас во Црното Море се доволни за целиот свет

0
By Соња Крамарска on May 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Резервите на гас на Црното Море се доволни за покривање на светската побарувачка за природен гас во период од 45 години“, изјави заменик-претседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), поранешниот премиер Бинали Јилдирим.

„Резервите на природен гас во Црното Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе откриваме  гас и понатаму. Црното Море може да ги покрие потребите за гас во светот за 45 години“, рече Јилдирим, пренесува турскиот портал „Созџу“.

Турските власти објавија во 2020 година дека во Црното Море се откриени големи резерви на гас.Залихите на најголемиот депозит Сакарија тогаш беа 400 милијарди кубни метри, пренесува Танјуг.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донме во интервју за мајскиот магазин Критер вели дека ова поле се планира да започне со работа на почетокот на 2023 година и дека планот е дневното производство на гас да се зголеми на 40 милиони кубни метри.

„Имаме намера да започнеме со производство на гас. Најверојатно во првиот квартал од следната година. Во почетната фаза дневното производство на гас ќе биде 10 милиони кубни метри. И во рок од три до четири години, планираме да го зголемиме обемот на 40 милиони кубни метри дневно. Значи, ќе расте и годишниот обем на производство на гас“, рече министерот.

гас Турција Црно Море
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.