Со пружање поддршка на Украина и зајакнување на сопствената одбрана, НАТО се обидува да ги минимизира ризиците од директен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска заменик генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана.
„Мораме да се погрижиме дека, давајќи ѝ поддршка на Украина, со зајакнување на одбраната на НАТО, да не создадеме ризик од ескалација на војната меѓу НАТО и Русија“, рече тој во Вашингтон, пренесува РИА Новости.
Џоана нагласи дека НАТО има одговорност да обезбеди „оваа војна да не се прошири понатаму, бидејќи тоа би довело до дополнително страдање, смрт и поголема нестабилност ширум светот“.