НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пазарните инспектори од денеска контролираат има ли манипулација при зголемување на цените

0
By НОВА ТВ Balaban on June 3, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментот цените слободно се формираат, но имаме надлежност да провериме дали новите цени се евидентираат согласно Правилникот или има отстапувања, велат од Државниот пазарен инспекторат.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од денеска се во акција – почнаа да вршат контроли на новите цени на прехранбените артикли и дали истите се зголемени согласно Правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало.

Во врска со тоа што овојпат ќе се проверува кај цените, бидејќи завчера престанаа да важат антикризните мерки и цените слободно се формираат, директорката на ДПИ, Анета Симеска Димоска, за НоваТВ изјави:

– Во моментот цените слободно се формираат, но имаме надлежност да провериме дали новите цени се евидентираат согласно Правилникот или има отстапувања. Бидејќи треба да се направи нивелација на цени и тоа да се  евидентира кај секој субјект. А согласно законот, маржите сега сами си ги одредуваат. Ограничувањата на профитните маржи беа оние на одредени производи кои изнесуваа 0 и 4 проценти, а во моментов повеќе нема ограничувања во посебни услови. Додека, за ДДВ-то има производи со 5 и 18 отсто данок, но тоа го проверува Управата за јавни приходи. Ние веќе почнавме да ги контролираме и големите синџири маркети и другите субјекти, проверката ќе потрае, ни рече Симеска Димовска. 

Таа додаде дека денеска до 14 часот контролите не утврдиле неправилности кај трговците коишто биле инспектирани.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи предупреди дека „не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа“, појаснувајќи дека трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби.

– Со особен интерес ги следиме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 отсто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај, нагласи Битиќи.

(Љ.Б.)

 

 

Анета Симеска Димоска ДПИ контролираат Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.