НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарски извори: Договорено е компромисно име за Самоиловата тврдина во Охрид

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската агенција БГНЕС која често ги отсликува ставовите на официјална Софија во спорот со Македонија, објави дека во документот предложен од францускиот претседател Макрон се предвидува историските личности за кои Заедничката историска комисија веќе постигнала компромис да бидат објавени и прифатени за општи прослави со приложен календар за 2022 и 2023 година.

„Комисијата за последните четири години од својата работа констатирала договор за св. Свети Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум и за Цар Самуил. Од нив, во записникот експлицитно е споменат само Цар Самоил, а предвидено е да се заменат натписите на неговите споменици во Република Северна Македонија и конкретно на тврдината во Охрид, согласно формулата договорена од Мешовитата историска комисија. Предвидена е и непосредна измена на учебниците посветени на Цар Самуил во наставната програма за VII одделение на македонските училишта, согласно постигнатата компромисна формула“, објави попладнево новинската агенција.

Агенцијата наведува дека во текстот на протоколот не се вклучени историските теми „Гоце Делчев“, „Илинденско востание“ и „ВМРО“ експлицитно спомнати во Рамковниот став, кои се спорни теми меѓу двете национални историографии. „Нивното отсуство, како и воопшто на поновата историја, како и некој механизам за постигнување резултати за тоа во историската комисија, е сериозен проблем на целиот документ“, вели БГНЕС.

Како што се посочува главното прашање меѓу првата и втората меѓувладина конференција е прифаќањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. „Дополнително, се потврдува и заложбата на Скопје за немешање во внатрешните работи на Бугарија, што практично значи откажување од претензиите за македонско малцинство во нашата земја“, тврди новинската агенција повикувајќи се на текстот на документот кој го имаат кај себе.

Притоа се оценува и дека „македонските историчари од Заедничката историска комисија категорично одбиваат да признаат дека Бугарите живееле во Македонија во минатото, па дури и го оспоруваат правото на сите национални преродбеници и револуционери да се самоидентификуваат како Бугари“.

Документот предвидува најмалку 8-10 состаноци годишно на Историската комисија, меѓутоа како што анализира БГНЕС протоколот не предвидува механизам за постигнување конкретни резултати, ниту пак „санкција“ во отсуство на резултати. (Р.Н.)

БГНЕС Договор со Бугарија француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.