Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца Косовци уапсени во Италија, планирале терористички напад во Тренто

0
By НОВА ТВ Terziova on June 24, 2022 РЕГИОН
Фото: aawsat.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 16:57

Италијанската полиција уапсила двајца млади Албанци, по потекло од Косово, осомничени дека подготвувале терористички напад во Италија, пренесе Топ чанел, повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.

„На 15 јуни, италијанската специјална единица на карабинери (РОС) која истражува тероризам и организиран криминал, со поддршка на регионалната команда на Тренто, издала наредба за ограничување против двајца млади, момче и девојка, со албанско потекло, откако биле обучени да вршат насилни дејствија. Имено, планирале да извршат напад со експлозивна направа во Трентино во име на терористичката организација Исламска држава (ИД)“, наведува Топ чанел.

Приведените се на возраст од дваесет години и се под истрага под обвинение за „заговор за тероризам, уривање на демократскиот поредок, регистрација и обука за терористички цели, вклучително и меѓународни“.

Италијанскиот суд на момчето му изрекол мерка домашен притвор, со обврска да ја носи електронската нараквица, со која се следи локацијата додека девојката ќе се брани од слобода.

Во решението за спроведување на мерката куќен притвор, се објаснува дека оваа одлука е утврдена со потребата да се гарантира пат на дерадикализација на осомничениот, чие семејства се целосно интегрирано во италијанската социјална структура, ќе има суштинска улога.

„Истражните дејствија покажаа дека двете лица, родени во Италија, во семејства со косовско потекло, долго време интегрирани во социјалниот, работен и студиски контекст, тргнале на пат на радикализација овозможена од џихадистичката пропаганда на интернет. По нападот, двајцата требало да отпатуваат во Африка за да се приклучат на терористичката организација“, наведува телевизијата.

Во текот на акцијата извршени се повеќе контроли со кои е овозможено запленување на компјутерска опрема и хемиски производи кои би се користеле за производство на експлозивни направи.

Планираниот напад би се случил „секако во Трентино, но не можеме да кажеме повеќе“, објаснил главниот обвинител Сандро Раимонди.

„Од избувнувањето на вооружениот конфликт во 2011 година, повеќе од 350 косовски граѓани отпатувале во Сирија и Ирак. Во групата Косовци кои отпатувале во Сирија, освен мажи, имало и жени и деца. Досега повеќе од 250 се вратиле од Сирија во Косово. Косово стана една од првите земји во светот што систематски ги враќаше своите граѓани од сириските кампови“, наведува Топ чанел.

апсење Италија Косово регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.