НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавров: Има разлика меѓу тоа што чувствуваат Македонците за Русија и што прават нивните политичари

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Западот се обидува да ги претвори Црна Гора и Северна Македонија во „алатка“ во анти-руската игра, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, објави ТАСС.

„Се гледа разликата помеѓу она што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што нивните политичари се принудени да го прават од Брисел, ЕУ и НАТО. Ова е обид да се претворат во „алатка“ во анти-руската игра“, рекол Лавров.

„Земјата се преименува во Северна Македонија за да влезе во ЕУ, каде што не беше прифатена и нема да биде прифатена во скоро време. Наместо тоа, тие ги вовлекоа во НАТО, почнаа да ги загреваат русофобичните чувства, агресивната политика кон Руската Федерација. Истото го направија и со Црна Гора: ветија дека ќе влезат во ЕУ, но рекоа дека треба да влезат во НАТО, да се приклучат на санкциите и да заземат став кој е отворено антируски. Тажно е тоа“, рекол Лавров во интервјуто.

Тој исто така додал: „Бев во посета на Скопје и Охрид, видов како луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија. Бев и во Црна Гора. Посетив манастири и храмови“.

Лавров позитивно ја оценува одлуката на Архиерејскиот собор за Српската православна црква (СПЦ) за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ).

„Ова обновување на евхаристичкото единство меѓу СПЦ и МПЦ го оценувам како позитивно. Тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј“, вели Лавров.

Според министерот, „ова е достоен одговор на интригите на цариградскиот патријарх“.

„Тој се обиде засекогаш да го закопа секој однос меѓу другите православни цркви, пред се српската и македонската. Овој провокативен план е спречен“, нагласил Лавров и додал:

„Со обновувањето на канонското општење меѓу СПЦ и МПЦ доаѓа до повторно воспоставување на евхаристичкото единство со Руската православна црква, за што сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието“, заклучил Лавров. (Р.Н.)

Северна Македонија Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.