Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО)Ковачевски ги посети македонските штандови за вино: Македонските вина со огромна промоција, можности за развој и нови пласмани

0
By Соња Крамарска on September 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2022 19:02

Во рамки на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој во следните четири дена се одржува во Белград под покровителство на Северна Македонија, Србија и Албанија, македонските компании за храна и вино ги презентираат своите производи и традиции.

Премиерот Ковачевски денеска на официјалното отворање на Саемот ги посети штандовите на македонските компании производители на вино и храна, каде што компаниите го информираа за своите производи, технологии на производство, состојбата со пласманот и извозот. Компаниите посочија дека овој Саем ќе им овозможи проширување на деловната соработка, поголем пласман и извоз на производите, што крајно позитивно ќе влијае врз вкупната економија.

Северна Македонија на Саемот се претставува со вкупно 42 винарии и 3 дестилерии кои пред посетителите додека трае Саемот ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. Премиерот Ковачевски ги посети штандовите на македонските винарии, како и штандовите на малите семејни винарии кои своите вина ги претставија на Саемот.

Саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“ покрај промоција на храна и вино, е можност за промоција на националните богатства и туристички дестинации на Северна Македонија претставени преку посебен штанд на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Особен фокус е ставен на македонскиот туризам базиран на вино и храна, националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

 

Ковачевски денеска заедно со Вучиќ, Рама и државните делегации на трите држави, го посетија заедничкиот штанд на Агенциите за промоција и поддршка на туризмот, каде што освен нашите туристички дестинации, посетителите имаат можност да видат и дел од македонскиот традиционално изработен накит од бисер и филигран. (Р.Н.)

Белград Винска визија на Отворен Балкан Димитар Ковачевски Саем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.