НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Опозицијата ја спречи државата да користи поволни финансиски средства

0
By Соња Крамарска on November 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозицијата, која е власт на локално ниво и во Град Скопје одби да управува со затоплувањето на главниот град, тоа го направи Владата и радијаторите се топли со цена субвенционирана од државата, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција посветена на енергетската криза.

Одговарајќи на новинарско прашање за неискористените средства од ЕБОР поради блокадата во Собранието, тој кажа дека државата не е во ќорсокак, туку тоа е опозицијата.

„Тој кредит беше блокиран и јас информирав дека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства што стоеја на сметката на банката, тие веќе ги имаат пренаменети за други намени. Со тоа на Македонија и се ускрати од страна на опозицијата да користи исклучително поволни финансиски средства“, вели Ковачевски.

Тој уште еднаш потсети дека 42 илјади граѓани од најранливите категории ќе добиваат директна финансиска помош, исто како и 330 илјади пензионери, кои освен зголемените пензии, дел од нив, кои се со најниски пензии, ќе добиваат шест илјади денари поддршка.

„Приоритет ни е брзо ефектуирање на мерките кои ги носиме за да има резултати. Работиме одговорно, рационално и ги кратиме непродуктивните трошоци со цел да се избориме со оваа криза“, додаде шефот на Владата.

Говорејќи за работата на ЕСМ, Ковачевски вели дека производството на ЕСМ е зголемено за 25 отсто и дека регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи имаат стопроцентно задоволување на потребите од ЕСМ. „Иако ЕСМ работи со многу стара технологија. РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј имаат технологија од Југославија и во тоа можете сите да се уверите“, рече Ковачевски, додавајќи дека досега не бил потребен увоз на електрична енергија за регулираниот пазар.

„Обезбедивме непречено и по стабилни цени, снабдување со електрична енергија на виталните институции“, дополни тој.  „Така ќе се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност во снабдувањето со вода, како и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за време на наставата. ЕСМ ја подготви документацијата за новите договори“, порача тој.

Димитар Ковачевски електрична енергија опозиција прес-конференцијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.