НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Климатските промени во винопроизводството: новиот предизвик со кој мора да научиме да се справуваме

0
By Соња Крамарска on November 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Скопје се подготвува првата национална конференција посветена на климатските промени во контекст на винопроизводството во земјава. Премиерното издание на конференцијата ќе се одржи под насловот „Влијанието на климатските промени во винопроизводството“ на 16 ноември во Скопје, организаран од Здружението на вински консултанти и едукатори „Калемење“ овозможен преку поддршката на амбасадата на Словачка во Скопје во рамки на програмата на Slovak Aid.

Собирајќи на едно место педесетина енолози, винари, лозари и експерти од академската фела, конференцијата има за цел да отвори дискусија околу социо-економските импликации кои ги претрпува производството на вино под влијание на климатските промени и изнаоѓање на можности за успешно справување со нив во иднина.

Винската индустрија на глобално ниво е една од областите кои се најмногу погодени од климатските промени, заради директното влијание на растот на лозата и понатамошниот процес на производството на виното. Имајќи предвид дека Македонија се соочува со последици од климатските услови, конференцијата ќе се осврне на процесот на спречување на ефектите од климатските промени во лозјето и во производството на вино.

„Додека како човештво се обидуваме да најдеме долгорочни решенија за справување со климатските промени, истовремено мораме да изнајдеме начини и да креираме механизми кои ќе овозможат релативно нормално функционирање во новосоздадените услови. И покрај неоптималните услови поттикнати од климатските промени, нашата земја нуди огромен потенцијал за развој на винската култура и во полето на лозарството и винарството, па оттука и идејата и мотивацијата за еден ваков настан: да научиме едни од други како она што го работиме да го работиме уште подобро креирајќи подобри услови за целата винска индустирија“, вели Ивана Симјановска, претседателка на здружението „Калемење“.

винопроизводство климатски промени конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.