НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Републиканците освоија тенко мнозинство во Претставничкиот дом, им се комплицира амбициозната агенда

0
By Соња Крамарска on November 17, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Кевин Мекарти
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Републиканците ја освоија контролата врз Домот на САД, враќајќи ја партијата на власт во Вашингтон и стекнувајќи доволно моќ да ја загрозат агендата на претседателот Џо Бајден и да поттикнат низа истраги. Но, тенкото мнозинство ќе постави предизвици за лидерите на Републиканската партија и ќе ја комплицира способноста на партијата да владее.

Повеќе од една недела по денот на изборите, Републиканците го обезбедија 218-то место потребно за преземање на Домот од Демократите. Целосниот опсег на мнозинството на партијата можеби нема да биде јасен уште неколку дена – или недели – бидејќи гласовите сè уште се бројат.

Тоа е многу помалку од огромната победа што ја предвиде Републиканската партија на овогодинешните среднорочни избори, кога партијата се надеваше дека ќе ја ресетира агендата на Капитол Хил преку капитализирање на економските предизвици и намалената популарност на Бајден.

Актуелната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, од Калифорнија, објави изјава во која вели: „Во следниот Конгрес, демократите во Претставничкиот дом ќе продолжат да играат водечка улога во поддршката на агендата на претседателот Бајден – со силно влијание врз слабото републиканско мнозинство“.

Бајден исто така се огласи со изјава. „Изборите минатата недела ја покажаа силата и издржливоста на американската демократија. Американскиот народ ги отфрли негаторите на изборниот резултат од претседателските избори, политичкото насилство и заплашувањето“, рече Бајден во изјавата. Тој додаде дека „иднината е премногу ветувачка за да биде заробена во политичка војна“.

Во меѓувреме некои од Републиканците го обвинија Доналд Трамп за полошиот исход од очекуваниот. Трамп, кој завчера ја објави својата нова кандидатура за Белата куќа, ги форсираше кандидатите на Републиканците кои често ги доведуваа во прашање резултатите од изборите во 2020 година или го минимизираа нападот на толпата врз американскиот Капитол минатата година.

Едно е сигурно, новото мнозинство ќе воведе нова група лидери во Вашингтон. Републиканецот Кевин Мекарти ја доби номинацијата за претседател на Претставничкиот, а официјалното гласање ќе дојде кога новиот Конгрес ќе се состане во јануари.

„Горд сум што можам да објавам дека ерата на еднопартиско владеење на Демократите во Вашингтон е завршена“, рече Мекарти по освојувањето на номинацијата.

Извор: Асошиетед Прес

избори САД 2022 мнозинство Претставнички дом
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.