НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Денешната средба со Таравари е продолжение на лидерската средба со претседателите на парламентарните партии

0
By Соња Крамарска on November 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се што се зборува за денешната средба со в.д. претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и за влегување на партијата во Владата, е во делот на шпекулациите, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Денешната средба со господинот Таравари е продолжување на лидерската средба, која ја имавме во текот на изминатиот период со претседателите на сите парламентарни политички партии. Планирам во наредниот период да одржам поединечни средби со сите политички партии застапени во Парламентот, со цел да продолжиме да разговараме околу одлуките кои треба да се носат за европската иднина на државата, а за кои е потребен широк политички и општествен консензус“, изјави Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.

На средбите, додаде премиерот, ќе се разговара и за законските решенија кои треба да се носат во Собранието кои се од економски карактер, во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза во државата.

„Особено ќе стане збор за делот од законите кои се блокирани во Собранието, што најмногу се однесуваат во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза“, рече тој.

Во медиумите се појавија информации дека цел на денешната средба на Ковачевски и Таравари е за влегување на Алијанса за Албанците во Владата и дека на партијата и се нудат три министерски места.

извор:  МИА

Алијанса на Албанците Арбен Таравари Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.