НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите заштедија струја

0
By Соња Крамарска on November 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија Крешник Бектеши, презентирајќи ја анализата за заштеда на електрична енергија од страна на државните институции и јавни претпријатија рече дека е остварена вкупна заштеда од 24 проценти на потрошувачката на електрична енергија.

„Најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 проценти. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 проценти, кај Собранието заштедата во октомври е 22 проценти, кај кабинетот на претседателот на државата 24 проценти, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 проценти. Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто, изјави Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година се опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17 отсто.

„Во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа. Овие податоци за заштеда на електрична енергија, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди“, порача Бектеши.

Неодамна и владиниот советник за енергетика Виктор Андонов потенцира дека препораките за заштеда на електрична енергија веќе се спроведуваат од институциите, за што се доказ бројките од месец октомври кои покажуваат дека државните институции успеале да заштедат 24 отсто електрична енергија. Тој оценува дека електро-енергетскиот е стабилен.

„Заради пониските температури да бидеме уште повнимателни во користењето на електричната енергија за да го продолжиме овој тренд на намалување на потрошувачката, односно да продолжиме со зголемување на заштедите. Како одговорна Влада, одговорно менаџираме со ресурсите. Сакам да се заблагодарам до сите вработени во Владата и во државните институции кои покажаа висока свесност за состојбата во која се наоѓаме и евидентно, бројките покажуваат резултат со заштеда која е нотирана веќе втор месец по ред“, истакна Андонов.

Тој порача дека секоја мала промена на навиките може да доведе до голема заштеда на електрична енергија и ресурси и дека заштедите се многу важни за да имаме стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста.

Р.Н.

Влада Крешник Бектеши штедење струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.