НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Германија ни даде Поддршка, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица останаа пречка на членството во ЕУ на Северна Македонија

0
By Marta Pesevska on December 14, 2022 КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 17 години од добивањето на кандидатски статус, Северна Македонија ги започна преговорите за членство со ЕУ. Пред нашето полноправно членство во европското семејство повеќе немаме надворешни пречки и блокади, остана само нашата „домашна работа“.

Првите луѓе на ЕУ и при посетите на Скопје, но и од Брисел неколку пати порачаа дека посакуваат да ја видат Северна Македонија, но и целиот Западен Балкан во ЕУ, а тоа го повторуваат и лидерите на сите земји-членки.

Изминативе денови се погласна е и поддршката од страна на Германија, прво со посетата на претседателот Штајнмајер, а денес и германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека е во интерес на Германија и на ЕУ земјите од Западен Балкан да се приклучат на ЕУ.

Сепак, наспроти заложбата и работата на Владата да го забрза процесот на преговори и 2030 година да стане реална и достижна цел за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ, опозицијата во земјава останува единствената пречка на тој пат.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица продолжуваат да претставуваат закана по европската интеграција на земјава со нивното противење на уставните измени. Иако паднаа во вода сите нивни лаги и манипулации за наводното продавање на јазикот и идентитетот, поради лични и теснопартиски интереси опозициските партии го блокираат остварувањето на оваа стратешка цел на земјава.

Функционери од ВМРО-ДПМНЕ неколкупати во медиумите недвосмислено кажаа дека тие немаат ништо против вметнувањето на Бугарите во Уставот, но, сепак, партиската одлука е да не се поддржат уставните измени, барајќи гаранции од ЕУ за зачувување на македонскиот идентитет и потврда дека преговорите ќе завршат со полноправно членство.

Таквите гаранции ЕУ и земјите-членки ги даваат на земјава постојано, со секоја посета и секоја изјава, а доказ за зачувувањето на идентитетот и јазикот е и потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, без никакви додавки и фусноти. Овој договор го потпишаа сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Бугарија и Грција.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен неколкупати кажа дека идентитетот на Македонците е јасен и признаен и дека во процесот на преговори тоа воопшто не е тема на разговор.   Сепак, граѓаните се почесто забележуваат дека противењето на опозицијата за напредок на европскиот пат често е помгнато или во корист на трети страни. Се појасно станува дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ постои едно про-руско крило кое е подготвено да застане контра интересите на државата, поради лични и бизнис интереси. На социјалните мрежи се гледаат слики од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски со Ленин Јовановски, кој споделува проруски пропагандни објави и ставови за руската агресија во Украина. Тој, заедно со моторџискиот клуб „Ноќни волци“ даде и поддршка на протераните руски дипломати, испраќајќи ги до македонско-српската граница.

Ленин Јовановски беше и еден од поактивните демонстранти, заедно со Христијан Мицкоски против т.н. Француски предлог со кој земјава по 17 години одложувања ги започна пристапните преговори со ЕУ.

Доколку кај ВМРО-ДПМНЕ, про-руските ставови се малку подзатскриени при јавните настапи, случајот со нивниот коалиционен партнер Левица е сосема поинаков. Тие отворено застануваат контра стратешките определби на земјава и про-Русија. Пратениците од партијата Левица се сретнаа со рускиот амбасадор во земајва, Сергеј Баздникин, само неколку дена по руската воена агресија врз Украина.

Ваквите активности на македонската опозиција се само показател дека на патот на напредокот и исполнувањето на стратешките цели на земјава веќе немаме надворешни пречки, туку се испречуваат само домашни актери.

ВМРО-ДПМНЕ Германија ЕУ Левица Ленин Јовановски Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.