Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандалот за мито во Европскиот парламент откриен со едногодишна паневропска истрага

0
By Соња Крамарска on December 15, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Белгиската полиција објави фотографија на Твитер од парите што ги пронајдоа во рацијата што ја спроведоа по апсењата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 15, 2022 12:06

Белгиската разузнавачка служба тесно соработуваше со други европски земји повеќе од една година за да го открие скандалот со мито што сега го тресе Европскиот парламент, соопшти Министерството за правда, пренесува Еуроактив.

Обвинителите се сомневаат дека грчката европратеничка Ева Каили и уште три други примале мито од домаќинот на Светското првенство Катар во обид да влијаат врз креирањето на политиката на Европската унија во еден од најголемите скандали што го погоди европскиот блок од 27 земји.

Катар и Каили негираа дека сториле нешто лошо.

„Ние бевме премногу наивни… премногу долго“, рече портпаролот на Министерството за правда, мислејќи на, како што ги нарече, тајните операции на странските сили во Белгија. „Сега подобро се екипираме против ова“.

Портпаролот ја нарече истрагата „голем случај на кој Државната безбедност работи повеќе од една година, во соработка со странски разузнавачки служби, за да ги обелодени сомнежите за корупција на европратениците од различни земји“.

Белгиската полиција објави фотографија на која се гледаат 1,5 милиони евра во готовина што ги најде во рациите од петокот до понеделникот, вклучително и куфер преполн со банкноти од 50 и 100 евра и две актовки уредно наредени со банкноти од 50 евра.

Инспекторите во Италија проверуваат седум банкарски сметки поврзани со осомничените, изјави извор близок до истрагата, додавајќи дека тие пронашле 20.000 евра во готовина во куќа на еден осомничен. Пребарале и канцеларија во Милано, рекол изворот.

Во меѓувреме, Каили, која е во притвор по нејзиното апсење минатата недела, ќе знае на 22 декември дали ќе остане зад решетки за време на истрагата, рече извор близок до истрагатаНејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос, кој вели дека таа инсистира дека нема никаква врска со купиштата пари што ги пронашла полицијата, рече дека Каили побарала повеќе време за да го подготви нејзиното сослушување во притвор, првично планирано за вчера.

„Во координација со нејзиниот адвокат во Брисел се договоривме да побараме одложување за неколку дена за да се подготвиме“, рече Димитракопулос.

Останатите тројца осомничени уапсени и обвинети се испрашани според планот, вчера, од тричлениот совет од судии.

Партнерот на Каили, Франческо Џорџи, кој е пратенички асистент, ќе остане во притвор, како и Пјер Антонио Панцери, поранешен европратеник и основач на непрофитна група за кампања, соопшти обвинителството. Николо Фига-Таламанка, генералниот секретар на групата, ќе го напушти затворот, но ќе носи електронска ознака за глуждот.

Европскиот парламент во вторникот гласаше за одземање на потпретседателската функција на 44-годишната Каили. Пратениците ја повикаа целосно да се повлече од Собранието.

„За нас, овој случај е уште почувствителен и поважен бидејќи го допира срцето на европската демократија“, изјави портпаролот на канцеларијата на федералното јавно обвинителство на Белгија, Ерик Ван Дујс, во вторникот за Ројтерс.

 

 

Европски парламент Катар мито скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.