Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Кулеба: Русија да се врати на принципите на ОБСЕ, страдањето на цивилното население е недозволиво

0
By Соња Крамарска on January 16, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 16, 2023 15:34

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска за време на посетата на Украина оствари работна средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Османи најсилно ја осуди континуираната руска агресија против Украина. Тој потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Изрази осуда за последниот што се случи во Днепар, во кој имаше и цивилни жртви и повредени деца.

Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и повторно да се посвети на принципите на ОБСЕ, преку дипломатски пат да се решат сите предизвици. Османи, кој е во Украина во својство на шеф на дипломатијата на земјата претседавач со ОБСЕ, изрази солидарност и сочувство кон сите украински мажи и жени, истакнувајќи дека нивната храброст е за восхит.

„Ова не е првпат да ја посетам Украина од почетокот на агресијата. Се надевав дека агресијата ќе престане и дека страдањата ќе престанат. Секое повторно лично сведочење на уништени домови и уништени човечки судбини предизвикува вознемиреност. Стоејќи овде како претседавач со ОБСЕ, ја повикувам Руската Федерација да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ и одново да се приклони кон дипломатијата“, изјави Османи.

Фокусот и главниот приоритет на ОБСЕ годинава ќе биде Украина, потенцираше Османи. Повика на одговорност за сите извршени злосторства. Секој еден изгубен живот или уништена иднина е превисока цена што ја плаќа овој народ, истакна Османи.

„Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права на ОН документира над 18.000 жртви од почетокот на агресијата. Вистинскиот број на загинати или повредени лица е веројатно поголем. Покрај тоа, ОН (УНХЦР) евидентираше речиси осум милиони украински бегалци низ Европа. Речиси пет милиони се внатрешно раселени. Овие бројки се шокантни. Дури и да се работи само за еден изгубен живот или уништена иднина, тоа е превисока цена за плаќање. Оние кои се одговорни за изложување на невини луѓе на застрашувачки дела, мора да одговараат“, рече Османи.

Посетата на Османи на Украина е показател за посветеноста и непоколебливоста на ОБСЕ  да најде начин да се врати мирот во земјата. Османи истакна дека ОБСЕ ќе ги стави на располагање сите свои алатки и механизми да го постигне тоа.

„Северна Македонија на чело на ОБСЕ, ќе служи како чувар на договорените принципи на ОБСЕ. Можете да сметате на тоа. Ќе ги поддржиме сите иницијативи кои ќе доведат до праведен и одржлив мир, обезбедувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници и ќе поставиме основа за мирно да се разговара за сите прашања“, изјави Османи.

Османи изрази надеж дека годинава ќе сведочиме за враќањето на мирот во Украина.

„Откако ќе се врати мирот и Русија ќе ги повлече своите сили од суверена територија на Украина, ОБСЕ ќе го понуди својот инструментариум на алатки за да ѝ помогне на Украина да се опорави од штетите од оваа војна. ОБСЕ, за време на војната, помага преку Програмата за поддршка на Украина финансирана од донатори, но ќе направи уште повеќе кога ќе настапи мирот. Се надевам и верувам дека ќе бидам сведок на почетокот на мирот и закрепнувањето за време на нашето претседавање. Ние сме цврсто решени целосно да се ангажираме за да се случи токму тоа“, истакна Османи.

Бујар Османи Дмитри Кулеба ОБСЕ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.