НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секретарот на бугарскиот клуб со Мицкоски и Николоски. Бугарија била спасот за вмровските деца од УМС, вели Чилиманов

0
By Marta Pesevska on January 22, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ, никако да се ослободи од „бугарските опашки“ на нивните членови. Последно во низата е натепаниот секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, Христијан Пендиков, кој како член на УМС на неколку фотографии може да се види во друштво со најтесното раководство од ВМРО-ДПМНЕ. Според новинарот Цветин Чилиманов, пак, Бугарија била спасот за вмровските деца од УМС.

 

Чилиманов коментираќи твит на извесен  „@forty_two“ посочуваќи на Христијан Пендиков, вели дека „децата си бараат други држави и каузи“ и дека за тоа не треба да се потсмева.

Од објавите на Пендиков на социјалните мрежи, се гледа дека тој, сега секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, бил дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата си ја сметал, како што вели, за Фамилија.

Секретарот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети од Охрид, Пендиков, има фотографии и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Пендиков има фотографија и со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, пред неколу дена бил претепан од три лица, а нападот бил извршен пред угостителски објект во центарот на Охрид.

Полицијата приведе тројца охриѓани осомничени дека физички нападнале свој сограѓанин во угостителски објект на кејот „Македонија” во Охрид.

Инцидентот го осудија претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и нивните бугарски колеги, Румен Радев и Галаб Донев, а Делегацијата на ЕК во Скопје, и побараа од властите да го истражат случајот.

Извори од истрагата за МИА потврдија дека против Х.П. во текот на декември полицијата покренела кривична пријава под сомнеж за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” според член 215 од Кривичниот законик.

Александар Николоски бугарскиот клуб Цар Борис Трети ВМРО-ДПМНЕ УМС Христијан Мицкоски Христијан Пендиков Цветин Чилиманов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.