Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Стразбур одлучи дека може да постапи по барањата на Холандија и Украина против Русија

0
By Marta Pesevska on January 25, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2023 20:23

Европскиот суд за човекови права денеска објави дека може да суди по тужбите поднесени против Русија од страна на Холандија и Украина за наводно кршење на човековите права во источна Украина во 2014 година, вклучувајќи го и соборувањето на малезискиот патнички авион MH17.

Тужбите беа поднесени пред руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, а одлуката на највисокиот европски суд со седиште во Стразбур е значителен напредок во напорите на Холандија и Украина да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините постапки во Украина и може да отвори врата за компензација,

Холандскиот министер за правда Дилан Јесилгоз-Зегериус на својот профил на Твитер објави дека ова е „добра вест“ и дека одлуката на судот е „уште еден важен чекор на патот кон вистината и правдата за жртвите и роднините на жртвите, кои загинаа на летот MH17“. Одлуката ја поздрави и холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хекстра.

Судот соопшти дека доказите презентирани на сослушувањето минатата година покажале дека од 11 мај 2014 година, областите контролирани од сепаратистичките бунтовници биле „под јурисдикција на Руската Федерација“ и дека Москва имала „значително влијание врз воената стратегија на сепаратистите“ вклучувајќи и испорака на оружје, артилериски напади на барање на бунтовниците и обезбедување политичка и економска поддршка.

Судот, исто така, наведе дека биле презентирани доволно докази кои биле прифатливи во однос на тврдењата на Украина за кршење на човековите права и во сродниот случај со соборувањето на MH17 на барање на Холандија, а помал број докази не биле прифатливи.

Бен Емерсон, адвокат кој ја застапуваше Украина на сослушувањето, рече дека одлуката на судот „покажува дека претседателот (Владимир) Путин не може да ја избегне долгата рака на меѓународното право.

Според него, судот одлучил дека има надлежност „да ја повика Русија на одговорност, да донесе правно обврзувачки наоди во врска со вината на Русија и да додели право на компензација за руските воени злосторства, вклучително и убиството на украинските цивили, соборувањето на патничкиот авион МХ17 , мачење и убивање на воени заробеници, уништување и незаконско присвојување на приватен имот, киднапирање на три групи деца сирачиња и нивно принудно пренесување во Русија“.

Судот во Стразбур е важен дел од Советот на Европа, најважната европска институција за заштита на човековите права. Русија беше исклучена од Советот минатата година поради инвазијата на Украина, но судот сè уште може да ги сослуша тужбите поднесени пред протерувањето.

Извор: МИА

кршење на човекови права Русија судот во Стразбур Украина Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.