Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МКЦ може да биде самоодржлив само ако стане јавна куќа или обложувалница

0
By Ана Василевска on February 6, 2023 КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Од протестот пред МКЦ, 22 јануари 2023
Од протестот пред МКЦ, 22 јануари 2023
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 6, 2023 16:05

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Ана Василевска

Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот,  рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре.

Притисокот од јавноста и пораката пратена од стотици граѓани како и од вработените за поддршка на Младинскиот културен центар во напорот институцијата да остане независна од партизација, не само што не беше земен предвид, туку градоначалничката Данела Арсовска сугерира нов „ингениозен“ предизвик.

МКЦ можел да работи самоодржливо?

Тоа што таа и новиот директор за „безбедност и криминалистика“ не се упатени во работата на МКЦ, ниту пак што ова полувековно, сврталиште и епицентар на културата и младите на Скопје нешто им значи не е толку страшно, но секако е причина за неподносливата леснотија со која сакаат да го уништат.

Тие се апсолутно неупатени и во тоа што значи културната политика и начините на субвенционирање, и едноставно нивната табула раса прави равенство меѓу продажба на автоделови на пример, и продажба на култура.

Десничарската логика за пазарна култура – може да се продава и секс ако носи пари

На слична тема околу пазарно работење во културата, пред неколку години во едно интервју зборувавме со режисерот Срѓан Јаниќијевиќ. Илустрацијата за тезите на самоодржлива култура ги  раскажа преку една анегдота.

Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот,  рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре. Секако, ова предизвикало огромен интерес кај публиката, се барало билет повеќе а редици имало, што се вели од Амстердам до Лондон. Овој креативен одговор на барањата за пазарно работење секако имал ефект- буџетот на театарот му бил експресно вратен.

И развиените европски земји постојано изнаоѓаат нови модели за финансирање на културата, истовремено ја штитат со државната каса но најважно од се инсистираат на нејзина автономија во креирањето. Кај нас, имало и ќе има миленици и клиенти поради порозниот модел и законски ѕид меѓу државните пари и конзументите. Но, во случајот со МКЦ никако не смеат да поминат ниските партиски интереси и неукоста на Арсовска.

Платно со порака „Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“ синоќа се појави меѓу наполнетата денсинг сала на Младинскиот културен центар во Скопје, каде се одржа 11-то издание на фестивалот за свежа и независна музика „Земјотрес“.

Пораката на младите уметници и активисти од движењето „Сите за МКЦ“ беше еуфорично прифатена од присутните, платното се развиори и го држеа над себе десетици луѓе, додека Дина Јашари ја изведуваше песната „Дома“, овој пат адаптирана со текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“.

Платното со натписот потоа беше распространето и во долниот хол на МКЦ, каде за време на целиот фестивал можеше да се купат беџови, стикери и да се донира за каузата на „Сите за МКЦ“.

Во оваа нова енергија и младешки бунт е содржана надежта дека МКЦ нема да потклекне пред притисокот каков што не претрпел од неговото полудецениско постоење.

Можеби не е на одмет и уметниците од повозрасната генерација кои своите кариери ги направија низ ходниците и сцените на МКЦ, да смислат некој креативен бунтовен одговор на сите овие небулозните случувања во изминатиов период, па макар да биде радикално како и амстердамската претстава, барем „актерките“ се близу до МКЦ. Ова би можело да биде ангажиран концепт што ќе го сврти и вниманието за решавање на проблемот со „црвените чадори“ и се да дојде на свое место.

Културата е совест на општеството и не се мери на кантар!

 

Град Скопје Данела Арсовска МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.