Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регулаторна комисија ќе ја коригира одлуката за цената на водата, наместо зголемување можно е и намалување

0
By Соња Крамарска on February 28, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2023 13:29

По сѐ изгледа дека цената на водата за пиење во Скопје не само што нема да се зголеми, туку можно е и да се намали или  да остане иста. Минатата недела Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на просечната тарифа на водата за 3,22 денари, откако ЈП „Водовод и канализација“ побара од нив корекција на цената. Потоа од јавното претпријатие излегоа со демант на таа информација и тврдеа дека никогаш не побарале водата да поскапи.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска повторно потврди дека фактите се јасни и дека одлуката ја донеле врз основа на барањето на ЈП „Водовод и канализација“ поднесено во ноември минатата година. Тој посочи дека јавното претпријатие побарало минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари за кубик потрошена вода.

„Имајќи предвид дека цената на електричната енергија за јавните комунални претпријатија е субвенционирана од државата и дека таа субвенција ќе продолжи и во наредните три месеци, таа одлука што ја донесовме ќе претрпи корекција и минималната цена која ќе ја донесеме во четврток ќе значи намалување на цената за вода во Град Скопје, додека максималната ќе биде таква каква што е. Оставаме на „Водовод и канализација“ и нивниот Управен одбор да донесе одлука врз основа на нашата одлука, а потоа таа треба да се испрати до Советот на Град Скопје“, рече Бислимоски.

Како што нагласи претседателот на Регулаторната комисија, ова треба да биде поука за сите останати јавни комунални претпријатија дека кога ќе поднесат барање треба да останат на тоа барање, а не да политизираат.

„Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат“, потенцира Бислимоски.

Бислимоски информира дека барања  за зголемување на цената на водата поднеле и други општини, како на пример Кичево и Ресен, а Охрид пак бара зголемување на цената на водата за 70 проценти, што според него, не е реално.

Ние нема да дозволиме да се зголеми цената за 70 проценти за да може јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода, порача Бислимоски.

 

Град Скопје Марко Бислимоски РКЕ цена на вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.