Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акционерите на Credit Suisse поднесоа тужба против банката и нејзиното раководство

0
By Соња Крамарска on March 17, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 17, 2023 10:39

Акционерите на швајцарската банкарска групација Credit Suisse во САД поднесоа тужба против самата финансиска корпорација и нејзиниот менаџмент, обвинувајќи ги за кршење на американските закони за хартии од вредност, објавија голем број медиуми.

„Жалбата за колективна постапка за прекршување на федералните закони за хартии од вредност од страна на поединци и ентитети кои стекнале или на друг начин добиле сметки за американски депозитар на Credit Suisse помеѓу 10 март 2022 и 15 март 2023 година“, се вели во тужбата поднесена во средата во Окружниот суд во Њу Џерси.

Според поднесокот, тужителите ја обвинуваат банката дека ги довела во заблуда инвеститорите со тоа што не открила материјални информации за ранливости во внатрешните контроли во светло на тековниот пад на ликвидноста и падот на вредноста на хартиите од вредност на компанијата.

Меѓу обвинетите се и претседателот на компанијата Аксел Леман, извршниот директор Улрих Кернер и финансискиот директор Диксит Џоши. Се вели дека банката и нејзините директори дале „материјално лажни и погрешни изјави“ за „бизнисот, работењето или перспективите“ на Credit Suisse, што резултираше со значителни загуби за инвеститорите на компанијата.

Во средата вредноста на акциите на една од најголемите швајцарски банки Credit Suisse на берзата падна за четвртина. Претходно, финансискиот коментатор и најпродаваниот автор на „Богат татко, сиромашен тато“ Роберт Кијосаки (тој точно го предвиде колапсот на американскиот банкарски гигант Леман брадерс во 2008 година) рече дека следната банка што пропаѓа по банкротот на американската банка во Силиконската долина (SVB) ќе биде Credit Suise. Банката, пак, соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди швајцарски франци (околу 53,7 милијарди долари) од Централната банка.

САД се во контакт со Швајцарија за проблемите на Credit Suisse, но веруваат дека тие се изолирани и не ја одразуваат ситуацијата во глобалната економија, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. „Во моментов гледаме на она што се случува како изолиран проблем. Проблемите не се поврзани со моменталната економска состојба, со актуелната економска клима“, рече таа на брифинг со новинарите. САД ја поздравуваат одлуката на швајцарските власти да обезбедат дополнителна ликвидност на банката. „Би ве упатила до Министерството за финансии. Тие се во близок контакт со нивните швајцарски колеги за ова конкретно прашање“, рече таа.

 

 

 

Credit Suisse САД тужби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.