Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се договорија синдикатите и Министерството за здравство – зголемување на плата од 2000 до 3000 денари

0
By Соња Крамарска on March 30, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 30, 2023 13:44

Двата синдикати за задравство се договорија со претставниците на министерот за здравство Фатмир Меџити за зголемување на платата. На денешната средба потпишаа анекс на колективниот договор и зголемување на платите. Медицинските сестри ќе добијат 3000 денари зголемување, а останатите вработени во здравство 2.000 денари. Покачувањето ќе важи од март месец, а за официјализација се чека одобрувањето од министерство за финансии и министерот Фатмир Бесими.

„Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата“, изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по состанокот со заменик министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство.

Серафимовски рече дека и од Министерството за здравство треба да излезат и да ги потврдат овој договор.

Инаку, членови на двата синдиката, денеска одржаа протест пред Министерството за здравство.

Иако задоволни од денешниот договор, синдикатите велат дека и во наредниот период ќе продолжат со нивните нови барања, заради инфлацијата.

„Со притисок се успеа да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност“, рече претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски. Тој, заедно со потпретседателот на Синдикатот на Клинички центар Предраг Серафимовски беа на состанокот со заменик министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство.

Каранфиловски рече дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

Синдикатите минатата недела најавија протест за денеска пред Министерството за здравство кое ги повика на состанок неколку часа пред најавениот протест и по средбата кажаа дека постигнале договор.

зголемување на плати здравство протест синдикати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.