Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повторно полнење на европскиот француско-германски мотор

0
By Jane Gjorgioski on May 4, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2023 21:37

ЈОШКА ФИШЕР / PROJECT SYNDICATE

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Европа мина низ радикална трансформација. И Европската унија и НАТО реагираа со извонредно единство, сите стари конфликти во овие организации се чинеа дамнешни, со оглед на војната на континентот и исчезнаа навидум преку ноќ.

Но, тензиите вријат под површината на новооткриената кохезија на ЕУ. Ова е општо познато во двете најнаселени и економски важни земји членки на блокот, Германија и Франција, кои се сé повеќе во несогласување.

Редовно закажани меѓувладини средби се откажани. Додека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц (заедно со тогашниот италијански премиер Марио Драги) отидоа на историско заедничко патување во Кијив, каде се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тие не организираа слична посета на Пекинг, иако тоа сигурно ќе ја зајакнеше позицијата на Европа.

Наместо тоа, Макрон тргна на самостојно тридневно патување во Кина и, на пат кон дома, рече дека Европа мора да избегнува „вклученост во кризи кои не се наши“ – мислејќи на Тајван – и да се спротивстави на тоа да стане „вазал“ на САД, привлекувајќи критики од двете страни на Атлантикот. Неговите разединувачки коментари скоро осигуруваат дека политиката на ЕУ за Кина ќе доведе до уште полоши односи помеѓу Франција и Германија и ќе ги ослабне трансатлантските односи, иако Европа се потпира повеќе од кога било на американската воена моќ соочени со руската агресија.

Ова е очигледно најлошиот можен момент за Европа и САД да се оддалечат една од друга. Стратешкиот предизвик наметнат од украинската војна ги интензивираше напорите на Кина за воспоставување нов светски поредок во кој Русија е трајно зависна од него, глобалната економија се врти околу Евроазија, а Кина ги поставува условите за меѓународните институции за управување. Наспроти овие кинески амбиции, сега повеќе од кога било, трансатлантското партнерство има потреба од зајакнување.

Во Париз, од друга страна, прашањата се однесуваат на тоа колку Шолц сака да ги преобликува билатералните односи и колкава важност им придава, со оглед на официјалниот молк на Германија на оваа тема. Пошироко, Французите сакаат да знаат каква Европа Шолц сака.

Патем, Шолц не е особено надарен политички комуникатор, со забележлив исклучок на неговиот говор „watershed era“, кој го одржа веднаш по руската инвазија на Украина. Но, тоа не објаснува зошто Шолц ги нема артикулирано неговите ставови во однос на француско-германскиот однос – срцето на блокот кое чука – и зошто амбициите на неговата влада за ЕУ остануваат непознати. Појаснување за двете прашања е итно потребно.

Заладување на односите е последното нешто што Франција и Германија можат да си го дозволат, со оглед на војната во Украина, пошироката руска закана за Европа и геополитичките предизвици наметнати од барањето на Кина и Русија за стратегија за Евроазија. Таква поделба би ја ослабела Европа во време кога токму спротивното – поголема француска-германска соработка – е потребно.

Повторното градење на таквата соработка нема да биде лесно. Двете соседни земји имаат спротивставени ставови во однос на некои од најважните политички прашања: односите со НАТО и САД, снабдувањето со енергија (нуклеарна наспроти обновлива), европската вселенска технологија, заедничката набавка на оружје и одбранбените способности на блокот (и степенот до кој НАТО треба да биде вклучен). Но, од друга страна, француско-германскиот однос никогаш не бил едноставен: тие се толку слични, а сепак толку различни.

Од самиот нејзин почеток, се подразбираше дека ЕУ ќе напредува само кога нејзините две најголеми економии ќе се движат во тандем. Иако ниту една земја членка не е способна да доминира во блокот, Германија и Франција се поединечно доволно силни, дури и во проширена ЕУ, да спречат каков било потег кон „сé поблиска унија“ доколку тоа го сакаат. Како резултат, за третирање на новите геополитички и безбедносни барања на европскиот континент ќе биде потребна заедничка француско-германска визија и подготвеност за компромис од страна на двете земји.

Дали Макрон и Шолц се согласуваат или се нервираат еден со друг е споредно, затоа што Европа е raison d’être за двете земји. Нема друга алтернатива. Уште повеќе, Брегзит покажа дека не доаѓа во предвид враќањето на системот на европски национални држави од деветнаесетиот век: „глобалната Британија“ која што Брегзитите ја ветија се покажа како целосна илузија.

Војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и неговата закана за Европа брутално ја покажуваат неопходноста од ЕУ. Но, дури и пред февруари 2022 година, тековните промени во глобалниот поредок јасно ставија до знаење дека европските земји се премногу мали за светот од дваесет и првиот век. Нивниот избор е јасен: мир, слобода и просперитет кога се заедно, или конфликт, политичка нестабилност и контрола од страна на други кога се одвоени.

Француско-германската соработка останува неопходна за ЕУ, особено кога нејзината геоплотичка состојба е несигурна и нејзините економски перспективи се во прашање. Во најдобар случај, понатамошно отуѓување ќе го чини блокот скапоцено време во време кога мора да направи огромен технолошки напредок за да биде во чекор со САД и Кина. Во најлош случај, може да резултира во европска катастрофа – нешто што секој одговорен политичар треба да сака да избегне.

На Европа ѝ е потребен француско-германски мотор што добро функционира. Не може да си дозволи ниту привремен прекин.

Јошка Фишер, беше министер за надворешни работи на Германија и заменик канцелар од 1998 до 2005 година, тој беше лидер на германската Зелена партија скоро 20 години.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. 
Германија Емануел Макрон Јошка Фишер Олаф Шолц Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.