Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, министерката за култура смета дека фестивалот е едно од најсилните оружја со кое успешно ја чуваме и развиваме македонската уметност

0
By Gabi Tocko on June 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 10, 2023 19:47

Под мотото „Враќање дома“, со доделување на наградите за животно дело на актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, синоќа пред платото на прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков“ свечено беше отворен 57-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Веднаш потоа во големата сала од домот на културата публиката ја виде првата од 10-те претстави во официјалната конкуренција, претставата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која не била во можност синоќа да присуствува на отворањето на Фестивалот, денеска преку објава на Фејсбук истакна дека „Прилеп – македонскиот театарски центар и годинава ни ја покажува моќта на раскажување приказни преку театарската уметност“.

„Чернодрински” игра клучна улога во чувањето и промовирањето на македонскиот јазик, на македонското творештво и на културното наследство. Преку вашето творештво вие го развивате уметничкиот талент на нашата мајковина и татковина. Отворате социјален дијалог и ја кревате свеста за важни прашања од нашето заеднички битисување, напиша Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека Министерството за култура, во соработка со Фестивалот „Војдан Чернодрински“, со цел збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори, отвори посебен конкурс за избор на три необјавени и непоставени македонски драмски текстови.

Министерката изрази искрени честитки до селекторката на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, и до целиот фестивалски тим, кои со своите многубројни идеи, посветеност, ентузијазам и визии за развој на оваа многу значајна театарска манифестација воведоа неколку новитети.

Нашиот Чернодрински, пред повеќе од еден век, ја застапувал тезата дека театарот треба да биде оружје. Има ли посилно оружје од театарот? Од уметноста. Од културата. Фестивалот „Чернодрински“ е едно од најсилните оружја со кое успешно ја чуваме и развиваме македонската уметност, додаде министерката за култура на својот фејсбук-профил.

Костадиновска Стојчевска упати честитки и до лауреатите на фестивалот, добитниците на наградата за животно дело, нашите исклучителни и почитувани доајени на македонската култура, Петар Темелковски и Петар Мирчевски, а на сите учесници им посака креативен натпревар, за кој оцени дека на крајот ќе доведе до нов триумф на театарската уметност во земјава.

Г. Т.

„Војдан Чернодрински“ Бисера Костадиновска - Стојчевска Отворање Порака Прилеп Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.