НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот Бундестаг ги признава македонскиот идентитет и јазик, се вели во Резолуцијата што ќе ја усвојат попладнево

0
By Соња Крамарска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: Дојче Веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот Бундестаг вечерва ќе гласа за Резолуцијата со која се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија, со која оддава признание на македонската култура, идентитет и јазик, и 13 точки препораки за владата во Берлин, како чин на поддршка на граѓаните на нашата земја пред претстојното гласање на уставните измени кое ја вжешти политичката ситуација вои Македонија. Резолуцијата ја поднесоа парламентарните групи на трите владејачки коалициски партнери во владата: Социјалдемократите, Зелените и Либералите.

Според македонската редакција на Дојче Веле текстот на Резолуцијата е следниов:

„2023 е клучна година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на европската перспектива на Северна Македонија и решително ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон Европската унија.

Во последните две децении, Северна Македонија мина низ различни фази, во кои постоеше ризик од губење на јасната ориентација за приближување кон ЕУ и нејзините вредности. Во последните години земјата се врати на реален и амбициозен евроатлантски курс и реформски процес“, се наведува во Резолуцијата.

„Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е во обостран интерес. Успешниот пат кон пристапувањето во ЕУ има далекусежни симболични ефекти за целиот регион. Северна Македонија е мултиетнички модел. Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“, се заклучува во Резолуцијата.

Бундестаг македонски идентитет и јазик резолуција Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.