НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрана за рускиот, белорускиот и иранскиот амбасадор да учествуваат на церемонијата на доделување на Нобеловата награда

0
By Gabi Tocko on September 2, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нобеловата фондација денеска објави дека ја повлекува својата намера да ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, по острите критики од шведските политичари, објави полската ТВП њуз.

Во објавеното соопштение, Нобеловата фондација признава дека „целосно ги разбира силните реакции кои ја засенија нивната одлука да се допре до што е можно поширока публика со вредностите што ги претставува Нобеловата награда“.

„Затоа, одборот одлучи да се врати на минатогодишниот исклучок – да не ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување во Стокхолм“, се вели во соопштението.

Претседателот на Нобеловата фондација, Видар Хелгесен, во четвртокот најави дека ќе ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за да им покажат на нивните претставници „колку се важни демократијата и човековите права“.

Овој гест предизвика остри реакции. Украинскиот амбасадор во Стокхолм, Андриј Плачотњук, вчера се закани дека ќе ја бојкотира церемонијата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја критикуваше поканата и заедно со уште неколку високи шведски политичари се закани дека ќе ја бојкотираат церемонијата во Стокхолм доколку присуствува и рускиот амбасадор. Одлуката на Нобеловата фондација беше критикувана и од членовите на комитетите кои ја доделуваат Нобеловата награда.

На 10 декември во Стокхолм ќе бидат доделени Нобеловите награди за литература, медицина, физика, хемија и економија. Нобеловата награда за мир истиот ден ќе ја додели Норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

Г. Т.

забрана нобелова награда руски амбасадор Учество церемонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.