Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Тој што се огрешил на Клиниката за онкологија ќе одговара, случајот да не се политизира

0
By Ана Василевска on September 4, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 4, 2023 12:12

Премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици денеска изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок да се реши случајот.

-Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту каков било друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на свето ВМРО, и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара, потенцираше премиерот.

Ковачевски, кој денеска беше на настан во Општина Центар потенцираше дека пардон нема да има за никого во овој грозен случај. МВР има определено тим којшто работи на прибирање на обемен доказен материјал, а, како што рече, подоцна се работи заедно со обвинителството.

-Се надевам дека и обвинителството ќе ја објасни нивната постапка, бидејќи тие се посебен орган надвор од државата. Нема да има пардон за никого без разлика дали припаѓа на која било политичка партија, на каква било припадност. Овде се работи за мултипартиски, мултиетнички криминал којшто мора да се расчисти. Граѓаните очекуваат расчистување на ова и нема да има никаков пардон. Тоа што граѓаните протестираат јас го разбирам и нивната загриженост и нивниот бес. И правото на протест во вакви случаи е добродојдено затоа што врши дополнителен притисок врз институциите побрзо да ја завршат својата работа, рече премиерот.

Ковачевски повторува случајот да не се политизира нагласувајќи дека се работи за истражни дејствија што ќе бидат спроведени на најпрофесионален начин и во којшто нема да се прави пардон за никого. Негови очекувања се да се спроведе професионална брза истрага која што ќе идентификува поединци што се огрешиле пред закон и пред етички и морални принципи на докторската фела. Повика да не се прави сензационализам и да се обвинува целата докторска фела за нешто што го направиле поединци, бидејќи, како што кажа, нашето здравство има професионални и прекрасни доктори коишто се грижат за нашето здравје. Во однос на раководствата и на Министерството и на Клиниката за онкологија, рече дека се работи за нови раководства.

-Новата директорка на Клиника за онкологија е поставена во времето на мојот мандат и комплетно соработува со истрагата заедно со нејзините колеги. Истото се однесува и на министерот за здравство и на неговата заменичка. Политизирањето на случајот ќе значи само на некој начин прикривање на некого и затоа повикувам да не се политизира и институциите најпрофесионално да го завршат она што е започнато. Доста беше, кажав и пред малку, 30 години граѓаните да бараат борба со криминалот и корупцијата, рече премиерот Ковачевски.

Упати порака до сите институции дека треба да се придржуваат до законските одредби во нивното работење, меѓутоа и до, како што потенцира, до спроведување на процедурите при работењето за да работат ефикасно и домаќински со народните пари.

Според Ковачевски истрагата која што е во тек се прави професионално, а опфатени се поголем број на материјали и на лица за да се утврди точно кои се виновниците, што точно имаат направено и потоа да бидат процесуирани согласно законите во државата.

-Никој не смее да врши никакво влијание и никаков притисок во овој случај, рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за политичка одговорност, премиерот рече дека таа не може да биде побарана бидејќи лицето не е веќе на функција.

-Меѓутоа, јас како што кажав и во текот на вчерашниот ден имавме прес-конференција, утрово министерот Спасовски беше на една од телевизиите каде што во детали објаснуваше за постапката која што се води, а во текот на денот и министерот Меџити и неговите колеги доктори од Онкологија ќе имаат прес-конференција, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека после 20 години од се што се изнаслушавме во државата, што се случува во голем број сектори, а особено во здравствениот сектор, првпат МВР и Обвинителството влегоа и направија акција во делот на прибирање на докази во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти во делот на терапиите коишто се издавале на една од клиниките во Клиничкиот центар во Скопје.

Димитар Ковачевски ОЈО Случај Онкологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.