НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оската на отпадниците

0
By Ана Василевска on September 19, 2023 АНАЛИЗА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: КАРЛ БИЛД* / Project Syndicate

Руските договори за оружје со Северна Кореја и Иран укажуваат на појава на нова оска на отпадници: земји обединети во нивната подготвеност да го прекршат меѓународното право и да ги игнорираат санкциите на Обединетите нации. Водени од очај, овие отпадници претставуваат закана за регионалната и глобалната стабилност, што не треба да се потцени.

Рускиот претседател Владимир Путин имаше очигледни причини да му биде домаќин на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун во Восточни, новиот руски космодром во источен Сибир, овој месец. Како резултат на својата нелегална агресорска војна во Украина, на Путин му снемуваат пријатели и муниција.

Космодромот Восочни има проблематична историја. Наменет да го замени објектот Бајконур во Казахстан, неговата изградба беше отежната со бројни одложувања и обвинувања за корупција и лошо управување. Сега, ретко се употребува – иако ја лансираше важната мисија Луна-25 која неодамна се урна на месечината.

Руско-севернокорејските односи имаат слична приказна. Некогаш, врската меѓу Кремљ и режимот на Ким беше цврста. Патем, комунистичка Северна Кореја во суштина беше советска креација и во голема мера се потпираше на советска поддршка со децении. Но, по падот на Советскиот Сојуз, руските лидери гледаа повеќе да добијат со развивање на односите со Јужна Кореја која беше во подем. Кремљ ефикасно смени страни, приклучувајќи се (неуспешно) на меѓународните напори да го спречи Осаменото Кралство да развива нуклеарно оружје.

Сега, состојбата повторно се смени. Обидот на Путин да ја избриши Украина од картата на Европа ја направи Русија меѓународен отпадник – исто како Северна Кореја. Поголем дел од светските развиени економии имаат потпишано сеопфатни санкции против Русија, а Генералното собрание на Обединетите нации има издадено неколку резолуции со кои се осудува агресорската војна на Путин. Малкуте земји кои се на страната на Русија сочинуваат меѓународна галерија на одметници: Еритреја, Сирија, Никарагва, Белорусија, Мали и  – секако – Северна Кореја.

Во меѓувреме, многу земји кои се воздржаа од овие гласања во ОН, сé повеќе ги искажуваат своите несогласувања со војната на Путин. На неодамнешниот самит на Г20 во Њу Делхи, на пример, конечната заедничка декларација вклучуваше јасна потврда на принципот на територијален интегритет – очигледно однесувајќи се на руската агресија и погрешно создадените стратешки цели на Кремљ.

Путин очекуваше брза победа кога ја започна својата војна во февруари 2022 година, но, руските сили оттогаш имаат изгубено околу половина од тоа што го зазедоа за време на првичната инвазија. После речиси 600 дена, тие се заглавени и се борат да се одбранат себеси од независната, демократска украинска државност која е решена да ја брани својата слобода.

Под овие околности, каде на Путин му е потребен секој можен пријател, Северна Кореја одеднаш е повторно во корист на Кремљ. Со своето целосно милитаризирано општество и обилни залихи на стара артилериска муниција според советски стандард, режимот на Ким изгледа како спас за осакатените воени напори на Русија.

Поради тоа, Путин немаше многу избор освен да го отвори црвениот килим за севернокорејскиот диктатор. Иако деталите за зделките во Восточни ќе останат неоткриени, слободно може да се претпостави дека Русија ќе добие муниција во замена за разни основни работи што на Северна Кореја и се очајно потребни, и тоа не само храна и енергија. Покрај тоа, се зборува дека Русија и помага на Северна Кореја во развивање и распоредување на сателити, област во која е исклучително неуспешна.

Какви и да се деталите, мал е сомнежот дека договорот ги прекршува санкциите на Советот за безбедност на ОН против Северна Кореја, кои првобитно беа поставени со руска поддршка. Во тврдењето дека режимот на санкции за Северна Кореја е прашање на ОН, а не на Русија, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, е крајно нечесен.

Сведоци сме на појавата на оската на отпадници: земји обединети во нивната подготвеност да го прекршат меѓународното право со започнување на војни, развивање на нуклеарно оружје и кршење на санкции. Овој список, исто така, го вклучува и Иран, каде Русија се снабдува со камикази дронови за да ги напаѓа украинските градови и цивилното население.

Но, не правете грешка: да се обратиш на земја како Северна Кореја е знак на длабока слабост. Кина и Индија можеби отворено не ја осудуваат руската агресија, но, ниту пак ја поддржале или направиле нешто многу да помогнат во воените напори на Путин (освен што набавуваат руски јаглеводороди). И каква и да поддршка што можат Белорусија, Еритреја, Сирија или Мали да ја понудат, тоа нема да му помогне на Кремљ да ги постигне целите на својата „специјална воена операција“ во Украина.

Сепак, овие отпадници, водени од очај, ќе ја продлабочат својата соработка, воведувајќи нови ризици за регионалната стабилност и глобалниот поредок. На пример, ако Русија ја снабди Северна Кореја со технологиите што и се потребни за да ги унапреди своите ракетни или нуклеарни програми, тоа сигурно ќе има последици за безбедноста на североисточна Азија.

Русија и Северна Кореја можеби не успеваат во нивните вселенски напори. Но, нивното кршење на санкции и правила тука на Земјата сигурно ќе има дестабилизирачки ефект на меѓународниот поредок.

*Карл Билд беше министер за надворешни работи на Шведска од 2006 до 2014 година и премиер од 1991 до 1994 година, кога преговараше за членството на Шведска во ЕУ. Познат меѓународен дипломат, тој беше Специјален претставник на ЕУ за Поранешна Југославија, Висок претставник за Босна и Херцеговина, Специјален претставник за ОН за Балканот и копретседавач на Дејтонската мировна конференција. Тој е копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи.

Превод: Наташа Цветковска (Фронтлајн)

Project Syndicate Владимир Путин Ким Јонг-ун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.