НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив

0
By Ана Василевска on October 2, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска ги покани министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ на состанок во Кијив. Тоа ќе биде прва таква средба што ќе се одржи надвор од ЕУ.

– Денеска ги повикувам министрите за надворешни работи на ЕУ во Кијив, на првиот состанок на сите 27 земји членки надвор од ЕУ. Иднината на Украина е во ЕУ, напиша Борел на Х.

Тој претходно истакна дека од средбата не треба да се очекуваат одлуки, бидејќи се работи за неформален состанок, кои најчесто се посветени на подлабоки политички дискусии, а не на носење конкретни одлуки.

Запрашан дали на состанокот ќе биде донесена одлука за доделување помош од 20 милијарди евра за Украина, тој наведе дека одлуката ќе биде донесена, но не прецизираше кога.

– Нашата поддршка не зависи од тоа како ќе се одвива војната во следните денови и недели. Мораме да обезбедиме постојана и структурна поддршка, бидејќи се соочуваме со егзистенцијална закана за Европа, изјави Борел во Киев во пресрет на состанокот.

Според дипломатски извори, како што јави дописникот на МИА од Брисел, главни теми на средбата се очекува да бидат евроинтеграцијата на Украина и преземање на некои итни мерки за поддршка на земјата, како што е испраќање воена помош и дополнително заострување на санкциите кон Москва.

Покрај неформалниот состанок на кој ќе присуствува и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ се очекува да се сретнат и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Борел во саботата ненајавено го посети украинскиот пристанишен град Одеса на Црното Море, каде што ја осуди, како што рече, „варварската“ штета предизвикана од неодамнешните руски напади врз градот.

Тој при тоа одново упати критики на сметка на Москва поради прекинот на Црноморскиот договор за житото.

– И покрај сето тоа, Украина продолжува да биде најголемиот снабдувач со жито на Светската програма за храна, а тоа е уште една причина да продолжиме да ја поддржуваме Украина, додаде Борел.

По Одеса, вчера Борел допатува во Кијив од каде најави дека ЕУ ќе ја зголеми воената поддршка за Украина, откако американскиот Конгрес во саботата го усвои Предлог-законот за финансирање, од кој е исклучена помошта за Украина.

– Да видиме што ќе се случи во САД, но од наша страна ќе продолжиме да ја поддржуваме и да ја зголемуваме нашата поддршка, изјави Борел во коментар на одлуката на Вашингтон.

Тој додаде дека „Украинците се борат со сета своја храброст и капацитет и ако ЕУ сака тие да бидат поуспешни во тоа мора да им обезбеди „подобро и повеќе оружје“.

Дипломатската служба на ЕУ на почетокот на летото предложи создавање наменски Фонд за помош на Украина, со цел да се обезбеди поддршка на земјата во следните четири години со по пет милијарди евра годишно. Предлогот се уште не е одобрен од сите земји членки на ЕУ, а по него ќе се дебатира и на овонеделното заседание на Европскиот парламент

Володимир Зеленски ЕУ Жозеп Борел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.